Протести и немири кои деновиве се актуелни во САД го поставуваат прашањето на системскиот расизам и колку нетрпеливоста кон луѓето со друга боја на кожата е длабоко вкоренета.
На Балканот истовремено почнаа чудни самопофалби- „Ние не сме расисти„ ние сакаме црнци , со нив си немаме проблеми„. Тие идеи само со еден статус ги преиспита Рамбо Амадеус.
“Расизмот на Балканот не се мери со омраза кон Црнците – затоа што тука и ги нема. Тоа се мери во однос кон нашите браќа – Роми. Колку ги познаваме лично? Со колку Роми сте пријатели?„ рече он.
Можете ли да одговорите на ова прашање? Искрено? Дали сте и до која мера сте расисти?