РДС: Со новата позиција Директориум за ромски прашања, може да се постигнат резултати, но само со вистинска работа и висок ангажман

Денес кога се одбележуваат 29 години независност од нашата држава, едно од прашањата кои се наметнуваат е : Каде е тука Ромската заедница?. Изборите завршија, Владата се формираше, се рестриктираа дел од министерствата и меѓу нив и едно кое со децении беше наменето за Ромите –Министерството без ресор за имплементација на стратегијата за Ромите.

Во новата Владина шема сега тоа место е заменето со-Директориум. Кој ќе го води тој оддел, е сеуште непознато, но факт е дека повеќето Ромски партии и организаци, здруженија и сл. буквално се „тепаат„ кој ќе ја завземе таа позиција.

РДС од аспект на долгогодишен познавач на состојбите со ромската заедница во државата заедно со Мрежата за трајни и системски решенија составена од ромски невладини организации и здруженија, во повеќе наврати реагираше и понудуваше планови и стратегии до државните институции (Влада, министерства, парламент). Тие стратегии во суштина беа сеопфатни, и направени добри анализи, план и програма за нивна реализација и имплементација.

Но што е тука е. Сега со новиот Директориум се дава една поинаква шанса за реализација на дел од тие планови. Мислење на РДС е дека за да се решаваат тие прашања кој се поврзани со Ромската заедница во државата потребно е да се постави вистински човек како и тим кој ќе работи во следниот период. Истовремено потребен е вистински ангажман и искрени намери, без импровизации. Потребна е и конекција со сите релевантни фактори кој се прашуваат за прашања важни за ромската заедница. Фокусот на работа е потребно да биде ставен во приоритетните области кој ќе бидат предложени од страна на организации и здруженија, а не да преставува некоја форма на партиска агенда.

Според РДС тоа се во полето од социјалата, здравството, вработувањето, домувањето и воедно фокусот да биде и кон престојниот попис на население кој е закажан за 2021 година, за да се знае точната демографска слика во државата и да нема веќе простор за манипулации и фаворизирање на една а минимизирање на друга заедница.

Потребно е идниот раководител со тој директориум да бидем достапен, транспарентен , и воедно флексибилен и подготвен за соработка со сите страни. Затоа што само на тој начин ќе моѓе да се постигнат резултати од кои ќе има фајде и ромската заедница како многу важен елемент.

Тука е РДС и Мрежата за системски решенија со широки раце за соработка со сите страни.  И на крај РДС напоменува во конкретниот случај сите се еднакви и ниту еден не заслува да биде потценет, дискредитиран и никој не смее да биде ниту фаворизиран. Се работи за нацијата а не за индивидуи или една група луѓе.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 136 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот