Јозеф Менгеле (германски: Josef Mengele; 16 март 1911 - 7 февруари 1979) — германски лекар кој го добил пракарот „Ангел на Смртта“ поради неговите дејства во Аушвиц и другите концентрациони логори. Вршел експерименти врз луѓе, а бил задолжен и за организацијата во логорите: во гасните комори пратил околу 400.000 луѓе, како и Адолф Ајхман. Роден е во Гинцбург, Баварија.
Се борел како член на V Дивизија на СС-овците и добил Железен крст во првиот и вториот ред. Во Аушвиц правел разни неетички експерименти. Тој е во некои области заслужен за напредокот на медицината денес но не сите експерименти на Менгеле биле од научна вредност, вклучувајќи ги и обидите да ја промени бојата на очите со што вбризгувал со инекција хемикалии во очите на децата, ампутации на екстремитетите, тој вршел и операции (експерименти) врз мозокот на луѓето без анестезија и многу други брутални операции.
Менгеле бил најстариот син во семејството. Татко му Карл бил индустријалец кој го основал основал претпријатието „Карл Менгеле и синови“. Имал два брата. Се женел двапати и имал син Ралф.
Субјекитите на истражувањето на Менгеле беа подобро исхранувани и чувани за разлика од обичните затвореници, и во тоа време ,беа безбедни од гасните комори. Кога ги посетувал децата- субјекти, тој се претставувал себеси како "чичко Менгеле" и им нудел слатки. Некои од преживеаните, се сеќаваат дека и покрај неговите ужасни акти, тој исто така бил нарекуван "Заштитникот Менгеле". Во книгата Деца од пламен, има белешки за медицинските експериментални активности на Менгеле врз околу 3.000 близнаци кои минале низ кампот на смртта Аушвиц за време на Втората светска војна до неговото ослободување на крајот на војната. Само околу 26 парови близнаци преживеале; 60 години подоцна, како деца кои ги преживеале неговите медицински експерименти и инјекции,тие се изјасниле за посебните привилегии кои ги уживале во Аушвиц благодарение на интересот на Менгеле за близнаците, како и за нивното страдање кое било резултат на тоа.