Девет Албанци, шест Македонци и двајца Турци се на листата заменици министери кои ги предлага Владата а треба да бидат избрани од страна на Собранието.
Меѓу луѓето од т.н. втор ешалон евидентно е дека нема место за Ром, Бошњак, Влав или Србин , иако како помали заедници тие се околу 7% од севкупното население во државата.
Единствено од помалите заедници само од турската има предлог за двајца заменици. Во Труд и социјална политика и во политички системии односи меѓу заедниците. Тоа се Енвер Хусеин и Илхан Рахман.
Се шпекулираше за име и од Ромската заедница, во министерството за Труд и социјална политика но засега тоа не е ниту потврдено ниту обелоденето.
Заклучок е дека или ромскиот политички фактор не бил достоен играч за договарање на позиции, или пак власта нема доверба во Ромската заедница. Трето нема. После цели 17 години (од 2003 навами) се случува ова со ромската заедница да нема свој преставник ниту во првиот ниту во вториот ешалон во Извршната власт.
„Еднакво општество за сите„. Супер програс на Ромската заедница во Македонија!