Семејството на починатата родилка: Немаше проблеми во бременоста-да се испита случајот

Семејството на 40 годишната Кадрие Јашар од Скопје, која почина од искрварување тврди дека родилката немала никакви проблеми во бременоста, ниту пак крварење до моментот кога дошла на Клиниката за гинекологија заради породилни болки.

Тие бараат објаснување зошто,како што велат, гинекологот кој ја примил и и направил Це-Те –Ге и рекол да си оди дома и да се врати за два часа бидејќи за породување било се уште рано.

„Бевме тројца со неа. Си тргнавме откога и рекол гинекологот да си оди и да се врати за два часа бидејќи била отворена само два прста. Таа немаше никакви проблеми, а на Гинекологија отидовме затоа што почнаа породилните болки. Кога стигнавме пред влезот во Шуто Оризари, таа почна обилно да крвари и ние веднаш се вративме назад.

Ја хоспитализираа, тоа беше попладнето, околу 16 и 30 часот најдоцна. Во 20 и 30 вечерта ни се јавија да дојдеме бидејќи, како што ни рекоа е, е во критична состојба“, изјави за НОВА, нејзиниот внук од брат Фејзула Јашаров.

На ГАК потврдија дека на родилката и бил направен царски рез, а после тоа поради обилно крварење уште една интервенција кога била извадена матката. Бебето било живо при првиот преглед и направеното Це-Те-Ге, а кога се вратила било мртво. Но, спротивно на тврдењето на семејството, на ГАК велат дека гинкологот и рекол да поседи надвор и да се врати за час и половина.

Семејството е во шок. Заминала на породување, а ја вратиле почината. Тие бараат да се испита целиот случај и да им се даде објаснување зошто не им бил даден наодот од првото Це-Те-Ге кога го побарале. Зошто не се појавил пред нив гинекологот кој ја примил и ја вршел интервенцијата, туку за смртта им соопштил друг лекар.

„Бараме и да се испита зошто гинекологот ја пуштил дома, со образложение дека е рано за породување и да се врати подоцна. Зошто не ни го даваат првото Це-Те-Ге каде се гледа дека бебето било живо. Што се случувало во меѓувреме, зошто дојде до такво силно крварење“, ,вели Фејзула, кој зборуваше во име на семејството.

Обдукција не е направена бидејќи семејството барало да си го земе телото. Но, законската регулатива е јасна и децидна во вакви случаи, дека обдукцијата е задолжителна.

Кадрие зад себе остави четири деца, не шест како што беше кажано првично од лекарите. За оваа петта бременост не знаела се до петтиот месец. Фејзула вели дека сега починатата родилка, била трипати на гинеколог, еднаш во Чаир, на Џон Кенеди и два пати во Ченто кај докторката која до пред некоја година беше матичен гинеколог во Шуто Оризари. Откога си замина, жените во оваа општина повторно останаа без матичен гинеколог.

Семејството тврди дека со бременоста било се во ред се до моментот на породување на Гинекологија. Велат дека добри биле и резултите од крвта и како што и кажала лекарката, немала потреба да прима лекови против згрутчување на крвта.

„Ни кажаа дека носи здраво женско бебе и дека се во ред со бременоста и со крвта“, велат роднините на починатата родилка.

Од ГАК, сметаат дека починала поради дефект со згрутчување на крвта, како резултат на што најверојатно дошло до одвојување на постелката и дека лекарите направиле се што било потребно. Сепак, најавија дека внатрешна комисија ќе го испита случајот.

И Државниот санитарен и здравствен инспекторат најави дека денес ќе започне со вонреден инспекциски надзор, прво кај матичниот гинеколог и кај матичниот лекар, а потоа и на Клиниката за гинекологија.

 

Link: https://novatv.mk/semejstvoto-na-pochinatata-rodilika-nemashe-nikakvi-problemi-vo-bremenosta-barame-da-se-ispita-sluchajot/

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 135 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот