Европска агенција за основни права: Ромите живеат 10 години помалку од другите Европејци

Една четвртина од децата Роми страдаат од неухранетост, а животниот век на Ромите во Европа е пократок за десет години во споредба со другите европјани, покажува студијата спроведена меѓу 4.500 Роми низ цела Европа.
– Секое четврто дете Ром живее во домаќинство што не може да пристапи до основните потреби, како што се здрава исхрана, топлина или има потешкотии во плаќањето кирија. Многумина се соочуваат со глад. Покрај тоа, животен век на Ромите е за 10 години понизок од оној на останатата популација, пишува Европската агенција за основни права (ЕАОП) со седиште во Виена.
– Извештај ги истакнува на површина шокантните тешкотии со кои се соочуваат премногу Роми во денешна Европа, вели директорот на ЕАОП, Мајкл О’Флахерти.
Студијата се засноваше на разговори што се реализирани во периодот од декември во 2018 година до јули во 2019 година со повеќе од 4.500 Роми во Белгија, во Франција, во Ирска, во Холандија, во Шведска и во Велика Британија. Децата честопати се соочуваат со непријателство, а речиси третина од родителите велат дека нивните деца биле вербално малтретирани на училиште заради нивниот идентитет.
Друго истражување спроведено од ЕАОП, пак, покажува дека скоро на половина од граѓаните на ЕУ (45 отсто) би им било непријатно да имаат Роми за соседи, пропорција што е највисока во Франција (52 отсто). За подобрување на состојбата, ЕАОП ги повикува земјите-членки на ЕУ „да овозможат на Ромите и луѓето кои патуваат да го следат нивниот начин на живот, обезбедувајќи доволни места за прием кои нудат пристојно сместување”.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 47 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот