Сопругот на починатата родилка Кадрие Јашар, правдата ќе ја бара на суд

Според неговите зборови, обилното крварење кое било причинител за настапување на смртта, можело да се спречи доколку докторот кој ја прегледал жената, ја примил во дневна болница, наместо да ја врати дома.
Случајот со смртта на 40-годишната родилка Кадрие Јашар и нејзиното бебе на Клиниката за гинекологија и акушерство, деновиве ја тресе македонската јавност.
Сопругот на починатата жена, Седат Јашар, денеска во изјава за Слободен печат обвини дека станува збор за лекарска грешка, а правдата, како што нагласи, ќе ја бара на суд. Според неговите зборови, обилното крварење кое било причина за настапување на смртта, можело да се спречи доколку докторот кој ја прегледал жената, ја примил во дневна болница, наместо да ја врати дома.
Тој денеска имаше средба со раководството на ГАК и со дежурните лекари кои ја примиле неговата сопруга.
Од друга страна, директорката на Акушерската клиника за гинекологија, Викторија Јовановска, вели дека докторите дале надчовечки напор за да ги спасат родилката и бебето.
– Ова е прв случај да изгубиме родилка на ГАК, откако сум јас директорка. Дежурните доктори направиле се што можеле за да ја спасат родилката, меѓутоа настанатата абрупција (одлепување на постелката) предизвикала смрт кај бебето, а потоа, како резултат на обилно крварење, животот го загуби и родилката. Ние имавме двајца анестезиолози на смена, уште двајца ги викнавме да дојдат од дома, вели Јовановска за Слободен печат и додава дека сочувствуваат со болката на семејството, но ја отфрла веројатноста да се работи за лекарска грешка.
Според лекарите, починатата родилка била на 40-годишна возраст. Тоа и била 11. бременост, односно претходно имала четири живородени деца и шест прекинати бремености. Дежурната екипа на Клиниката потврдила дека дошло до интраутерина смрт на плодот поради настанатата абрупција (одлепување на постелката).
„По извршената интервенција, таа била префрлена во шок-соба каде што и покрај интензивната реанимација по протокол, продолжило влошувањето на нејзината состојба, по што целиот тим гинеколози и анестезиолози одлучиле дека треба да се направи ревизија. Истата е направена меѓутоа и покрај целосниот напор на медицинскиот тим да биде спасен животот на пациентката, таа починала“, се вели во соопштението од ГАК.

Link: https://www.slobodenpecat.mk/soprugot-na-pochinatata-rodilka-pravdata-ke-ja-bara-na-sud-video/

Youtube:

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 38 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот