Во градот Ниш во нишкото МВР вработен е еден ромски брачен пар. Саша и Драгица Диниќ во брак се 28 години и двајцата се вработени во полицијата. Саша е официр и поручник во полицијата, а Драгица референт во полициската управа.
Работат и се трудат да ги победат сите предрасуди и да си обезбедат себе и на семехството пристоен живот – да ги едуцираат своите деца да бидат што подобри луѓе.
Саша вели дека во 1990 година завршил средно градежно училиште. Потоа заминал во војска и отслужување на воениот рок конкурирал во полиција. Без ничија помош и препорака го завршил курсот и се вработил во полицијата. Најповеќе работел во росмките населби во ниш на поле на интергација на Ромите.
Со Драгица се венчале во 1992 година. Во 1993 година се роди постарата ќерка Александра која има завршено Високо прехрамбено училиште , додека во 1997 година им се роди и втората ќерка Јована кој сега е студент на Правниот факултет трета година.
Инаку Саша во својата 40 година од животот се запишал на Факултет за право, безбедност и менаџмент и успеал да го заврши. Гп завршил во 2016 година. Драгица исто така има завршено средно образование и од 2009 година е вработена во МВР. Нејзината работа е со странки ма регистрација, возачки дозволи, лични карти, пасоши и други лични документи.
Поручникот Дениќ вели дека неговата мисија во животот не се парите ниту позицијата туку желбата се што научил да го пренесе своето знаење некому.
Тој вели дека секој сон е остварлив, доколку се има желба за тоа.