Ида Келарова е пеачка, музичар и хоро-директор, кој настапува заедно со најдобрите музичари кои доаѓаат од Чешка. По повод на 65 роденден на Ида, ние ви ја нудиме најдобрата музика од Ида Келарова.
Покрај нејзините концерти, пеачката организира интернационални работилници, мулти-етнички проекти, Ромскиот Фестивал „Gypsy Celebration“ и помага во пронаоѓањето репертоар од Ромски песни за хоровите. Во 1999, заедно со нејзиниот сегашен партнер Десидерио Дужда, ја формираа групата Романо Рат (Ромска Крв), со кои што имаа турнеи низ целиот свет. Парадоксален е фактот дека тоа се случи години пред Ида да ги открие своите ромски корени и да се инспирира од ромската култура и музика.
Заради предрасудите кон ромското малцинство, нејзиниот татко Коломан Бито, Ром од јужна Словачка со неверојатен музички талент, направи драстичен чекор во прикривање на потеклото на неговото семејство. Тој веруваше дека прави вистинската работа за неговите три ќерки и им дава подобар почеток во животот. Бидејќи девојчињата беа светлокоси, а самата Ида истотака беше русокосо бебе, нејзините корени останаа неоткриени со години.
Денес нејзиното ромско наследство стана важен дел од животот на Ида Келарова и таа работи напорно за да им помогне на талентираните деца Роми кои живеат во исклучени локалитети во Чешка и Словачка.