Според директорот на Организацијата Отворено Општество, Марта Смоликова, Јавниот Бранител на Права на Чешка (правобранителот), Станислав Кречек треба да даде оставка поради одбивањето да признае дискриминација врз Ромите – според изјавата дадена од страна на Марта за програмата на Проглас 13+ Радио.
Отворено писмо потпишано од претставници на организаци кои промовираат човекови права, лица кои се соочуваат со адверситет и Ромското малцинство го повикаа Чешкиот Премиер Андреј Бабиш (АНО) и другите членови да се дистанцираат од анти-ромските забелешки од страна на правобранителот кое истовремено поттикна дискусија. “За време на овие 30 години каде што ние се заложувавме за интеграцијата на Ромите, ништо се нема сеуште променето. Ситуацијата само се влошува – се повеќе деца Роми ги напуштаат училиштата, многу од нив не се подготвуваат за идни вработувања, невработеноста константно расте, исклучените локалитети растат. Сепак, кога критички спомнувам дека ние мора да продолжиме во оваа борба, дека мора да се промени ситуацијата, се смета како анти-ромски напад. Тоа е пример каде што дискурсот на интеграцијата на Ромите се наоѓа во ова време,“ – како што пренесе правобранителот кога беше прашан да коментира на ова отворено писмо.