Општина Шуто Оризари и нејзините граѓани се соочуваат со едно од најтешките предизвици во последната деценија. Поради заминување на неколку матични лекари во пензија, околу 4000 илјади граѓани на Шуто Оризари останале без матичен лекар. Покрај возрасните, околу 1200 деца се исто така без матичен лекар. Дополнително на ова уште неколку се подготвуваат да заминат во пензија. Значи ли тоа дека Шуто Оризари ќе остане без матични лекари...
Министерство за здравство, Здравствен Дом Скопје и ФЗОМ веќе подолго време немаат чувство за да се реши овој проблем кој од ден во ден се повеќе се продлабочува.
Затоа, ИРИЗ будно го следи овој проблем и со цел да им помогне на нашите сограѓани поднесе барање до горе споменатите институции за итно решавање на овој проблем со поддршка од 11 Партнерски организации.
Во иднина следат серија на активности за актуелизирање на овој проблем и обид за решавање на истиот, иако ова е процес кој очекуваме да трае подолго...