Чешка: Новиот Главен службеник за јавно здравје во Чешка има историја на Анти-Ромски расизам во нејзините претходни јавни комуникаци во врска со Ковид-19
Чешката Новинска Агенција извести дека новиот Главен Службеник за Јавно Здравје во Чешката Република ќе биде директорот на Моравско-Шлезиски Регионален Оддел за Јавно Здравје, Павла Сврчинова, но кратката најава на таа вест не успеа да спомне дека во Октомври, Сврчинова сподели расистички виц на нејзиниот Фејсбук Профил поврзан со Владините Мерки во борбата против КОВИД-19. Дали Анти-Ромскиот расизам треба да биде нов вид на комуникација која ќе ја поттикне јавноста на Чешка да ги следат Владините мерки против пандемијата, од кои некои претходно останаа на сила само неколку часа, веројатно е прашање за неговиот главен П.Р. Гуру, Марек Прчал.
Во Октомври, Сврчинова го сподели овој Анти-Ромски виц: “Феро Лакатош си го ограби сопствениот стан. Тој ги следи правилата и работи од дома. Биди како Феро.“
По скриншот на тој пост кој беше масивно споделен низ социјалните мрежи, започнаа многу влијателни новинари да коментираат на тој пост, постот беше избришан околу 19:30 вчеравечер, и по 20:00 нејзиниот Фејсбук профил го снема. Сврчинова потоа даде класичен изговор за IDNES.cz порталот за постирањето на таа шега, твдрејќи дека таа нема никаква врска со тоа и негира дека таа е личноста која ја сподели таа шега.