Чешките пратеници ќе расправаат за нацрт-законот за компензација на жените бидејќи државата одбива да признае “обид за Геноцид“.
Елена Горолова имала само 21 година кога го родила својот втор син. „Лекарот ми рече дека ќе треба да се породам со царски рез, инаку во спортивно би го ризикувала моето здравје и здравјето на бебето“. Во породилната сала, медицинската сестра и даде документи кои требаше да ги потпиште. „Имав толку голема болка...Не бев во состојба да размислувам за тоа што го потпишувам“, вели социјалниот работник од Чешка. Таа несвесно потпиша договор за стерилизација. Досега, Чешката Влада официјално не го признаваше тоа и не ги обештети Ромките како што е случајот со Горолова, за агендата за евгеника предводена од владата од раните 1970-ти до официјалното укинување во 1993 година.
Никој не знае колку жени биле погодени од ова. Европскиот Центар за Правата на Ромите вели дека стотици жени биле систематски стерилизирани во текот на 90-тите години на минатиот век, последниот познат случај се случи некаде во 2007. Сега дискусијата за предложениот закон за да им се дозволи на жртвите на присилна стерилизација да аплицираат за компензации е закажана за следната Парламентарна Седница во Среда. Нацрт-законот од 2019 со кој се предлага исплата од 10.200 Фунти на жртвите, никогаш не стигна до усвојување. Ромите се најголемото малцинство во Чешка, со проценето население од 250.000 жители.