„Во каков контекст е искористен терминот “ѓупчење” во објавата на ОК ВМРО ДПМНЕ Крушево? Дали со овој погрден збор ДПМНЕ сака да ги навреди нашите сограѓани Роми?
Покрај неоснованите критики ДПМНЕ Крушево се служи со погрдни зборови кои ги навредуваат нашите сограѓани. Додека СДСМ работи на соживот, ДПМНЕ работи на поделби. Сите сме еднакви граѓани, а речникот кој го користиме е особено важен за соживотот.
ДПМНЕ Крушево да се извини за ваквиот речник, а статусот да не биде избришан за да сведочи дека дискриминацијата е во сопственост на опозицијата исклучиво“, стои во соопштението на СДСМ Крушево.