Во Ниш има пет ромски населби, Најстара од нив е Београд маала која настанала пред 100 години. Во 1924 или 1925 година настана и населбата Сточни трг Најнапред тука се доселиле околу 5-6 семејства. Денеска тука живеат 1680 полнолетни лиц во 280 кучи. Населбата 12 Февруари настана во 1945 година, Денес во таа населба има околу 120 куќи со 700 жители.
Еврејски гробишта најнапред го чуваше еден Ром со семесјтвото . Во средина на 50-тите години тој дошиолл тука со своето семесјтво за потоа да се доселат и други Роми.
Наблизу до донесување на ДУП е населбата Београд маало. Населбата Сточни трг по планските документи еден дел е предвиден за домување, што значи дека дел од населението ќе мора да се расели. Што се однесува до населбата Црвена Ѕвезда на тој простор е предвидено изградба на бизнис трговски простор и земјиштето е во приватна сопственост, така што до раселување ќе дојде со сигурност. Иселување ги чека и Ромите од Еврејски гробишта. Но кога ќе дојде до та, ниту еден не може да каже. Кога се има политичка волја, се нема пари. Кога има волја и пари проблемот е правно прашање. А тоа е така со години и децении...