Поповод 8-ми Април, Мрежата за системски и трајни решенија на прием и средби со државниот врв

Поповод 8-ми Април во пресрет на одбележување на Јубилејот 50 години од одржување на Првиот Светски Конгрес и старт на работата на Интернационалната ромска Унија - ИРУ, Мрежата за трајни и ситемски решенија за интеграција на Ромската заедница во Македонија составена од 12 Ромски НВО од Македонија, организира неколкудневни активности.

Настаните започнуваат на 7 Април со прием и средба со Претседателот на Владата на Р.С.Македонија г-дин Зоран Заев каде преставниците од Мрежата предводена од пратеникот Љатифа Шиковска и координаторот на Мрежата Зоран Димов ќе имаат кратка средба каде при таа средба на Премиерот Заев ќе му биде доделена Плакета за Особен придонес кон Ромската Заедница.

Веднаш потоа во салата за конференции во Владата на Р.С.Македонија ќе се одржи настан насловен како „Храброст, достоинство, доверба, и сила во постигнувањето на целите од

Стратешките определби за Ромите во Република Северна Македонија„. На таа средба свое присуство на поголем дел од Министерите од Владата .

Веќе на 8 Април преставниците од Мрежата ќе имаат средба со Престедателот на Собранието г-дин Талат Џафери како и со Претседателот на државата Стево Пендаровски. За време на приемот и средбата ќе им бидат доделени и Плакети за Особен придонес кон Ромската заедница. За време на одбележувањето на настаните воедно ќе им бидат доделени Плакети и нанеколку дипломатски преставништва во нашата држава како што се амбасадите на СР Германија, Швајцарија, САД, Франција, Велика Британија, Словачка, Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград,  МЦМС. ФООМ. УНДП, УНИЦЕФ , на г-дин Самет Скендери - ИнСоК, Скопје, Г-дин Асан Фератм Г-ѓа Салија Бекир Халим - Иницијатива на жени од Шуто Оризари како  и постхумно на Г-дин Амди Бајрам  и Д-р Трајко Петровски.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 282 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот