На сите портали осамна информација дека на ден 11 април оваа година околу 21 часот дошло до физичка пресметка меѓу жители на населбата Трајаново Трло во Кочани и група крадци, при што неколку лица се здобиле со телесни повреди.
Но вистината е сосема поинаква.
Еден час по полицискиот час жителите од кочанската населба Трајаново трло физички малтретирале малолеттно 10 годишно дете кое наводно го фатиле во кражба со нколку цепанки од дрва.
Тие почнале со клоци и тупаници додека детето ги молело плачејќи ги молело да престанат тие продолжија да го удираат нанесувајќи ми телесни повреди. По ова малтретирање дојде група на сограѓани кои сакаа да престане тоа физичко малтретирање за потоа во целата таа ситуација дојде и до физичка пресметка.
Медиумите сакајќи да го минимизираат целиот случај информацијата ја објавиле на начин дека имало физичка пресметка на жители од кочанската населба Трајаново Трло со група крадци, кога вистината е дека всушност тие граѓани тепале дете на возраст од 10 години.
Од Полициската станица го потврдија случајот на кој сè уште се работи, а официјално известување најавија во текот на денот.
Со реакции и на социјалните мрежи каде кружи и видеото беше упатена остра реакција која меѓудругото се вели:
„ Срамота и катастрофа. Пример од месноста Трајаново Трлово за кој што треба да има соодветна разрешница за насилниците кон 10 годишното детенце и нечовечките постапки кои што се далеку од секое цивилизациско и било какво граѓанско достигнување.
Во друг коментар се вели: „ Колку луѓето можат да се претворат во ѕсверови поради етничка нетрпеливост.„