Поповод 8-ми Април, Мрежата за системски и трајни решенија достави документ - Заложба за интеграција на Ромите во сите сфери на општественото живеење до државниот врв

Поповод 8-ми Април, Мрежата за системски и трајни  решенија достави документ - Заложба за интеграција на Ромите во сите сфери на општественото живеење до државниот врв на Република Северна Македонија. За време на приемот и средбите со преставниците од Мрежата беа доставени до Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г-дин Зорам Заев, до Претседателот на државата г-ин Стево Пендаровски и до Претседателот на македонското собраније господин Талат Џафери.

Прочитајте го целиот документ во ПДФ формат

Во самата заложба стои:

 

ЗАЛОЖБИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЗА ИНТЕГРАЦИЈА НА

РОМИТЕ ВО СИТЕ СФЕРИ НА ОПШТЕСТВЕНОТО ЖИВЕЕЊЕ

Тргнувајќи од заложбите содржани во Познанската декларација која ја прифатија премиерите на земјите   од Западен Балкан, вклучително и Република Северна Македонија на 5 јули 2019 година за усогласување на политиките за вклучување на Ромите кон идното проширување на Европската унија, ние, граѓанските организации од Мрежата за системски промени се залагаме за конкретни измени и тоа:

Потребна и итна акција во следните области:

Вработување:  Почитување на принципот на правична застапеност и вработување на Ромите во јавниот и државниот  сектор до пропорционалната стапка на учеството на Ромите од вкупната популација;  Дополнително зголемување на стапката на вработеност кај Ромите за најмалку од 25% и тоа во Установи  каде Ромите имат директна потреба;

Домување: Легализирање на сите неформални населби со пристап до своите живеалишта каде живеат Роми или обезбедување на друго решение за нивно достоинствено домување каде моментално живеат во  неформални населби кои не можат да бидат легализирани од оправдани причини или административна  неажурност;

Образование: Зголемување на бројот на вклучени деца Роми во основното образование од кои 90% ќе излезт со  завршено основно образование како и бројот на вклучени Роми во средно образование од кои 50 % ќе  излезат со завршено средно образование;

Здравство:  Пристап до здравствено осигурување за Ромите од најмалку 95 % или до стапка еднаква на остатокот од  населението;

Матична евиденција:  Сите Роми се регистрирани во регистрите за матична евиденција.

Недискриминација: Зајакнување на механизмите за заштита од дискриминација и обезбедување правна поддршка на  наводните жртви на дискриминација, вклучително и институционална и скриена дискриминација;  Силно веруваме дека државата ќе ги користи достапните податоци од граѓанските и меѓународните организации за формулирање на политики засновани на докази за интеграција на Ромите и ке се  обврзе да воспостави соодветен механизам за следење и известување за спроведувањето на ромските  политики, како и водење на статистика;

  1. Поддршка на Националните точки за контакт со Ромите како сеопфатен механизам за координација и спроведување на програмите како и обезбедување синергија помеѓу ресорните министерства одговорни  за интеграција на Ромите;  Развој, усвојување и имплементација на регионални стандарди за партиципативно буџетирање поврзани  со интеграцијата на Ромите за целно насочени политики, употреба и зголемување на јавното буџетирање,  како централно, така и на локално ниво, достигнувајќи ги ромските заедници за да ги постигнат  гореспоменатите цели, користејќи ги достапните донаторски средства, вклучително и Инструмент за  претпристапна помош, за унапредување на статусот на Ромите;  Воспоставање формални канали и механизми за заедничко вклучување на локалните самоуправи

и ромските заедници во формулирањето на политиката, донесувањето одлуки, спроведувањето и  следењето на политиките  Затоа, ги повикуваме сите, покрај државата и донаторите да продолжат со поддршката на иницијативи за унапредување на состојбата на Ромите со воведување на ромски специфични индикатори за клучните мерки.

Мрежа за системски промени

Координатор, Зоран Димов

 

Членки:

  1. Асоцијација Иницијатива за социјална промена ИнСоК – Скопје;
  2. Здружение на правата на Ромите – Штип;
  3. Здружение Ромски деловен информативен центар на Македонија - ЗРДИЦМ – Скопје;
  4. Национален ромски центар - НРЦ – Куманово;
  5. Организација на жени Штип;
  6. Рома Прогрес Скопје;
  7. Ромска организиација на жените на Македонија – Даја- Куманово;
  8. Ромска Солза Прилеп;
  9. Ромски едукативен центар Амбрела – Скопје;
  10. Хуманитарно и добротворно здружение на Ромите Месечина – Гостивар;
  11. Центар за Развој на Ромската Заедница “Баирска Светлина” – Битола;
Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 257 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот