Во врска со случајот со насилство врз дете во Кочани, за што постои и снимен материјал што се споделува на социјалните мрежи, ОВР Кочани ја известува јавноста дека во координација со ОЈО Кочани ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „насилство врз дете“, а идентификувани се девет лица, со кои е извршен службен разговор и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.
Во врска со видео што се споделува на социјалните мрежи, а на кое се гледа како лице со пиштол и нож упатува сериозни закани, СВР Штип ја информира јавноста дека веднаш се преземени мерки за утврдување на идентитетот на лицето од видеото, при што утврдено е дека се работи за А.И.(36) од Кочани, татко на детето. Од преземените оперативни мерки дојдено е до сознание дека А.И. не е на територијата на Република Северна Македонија и се преземаат мерки и активности за негово обезбедување.