Жители од кочанската населба „Трајаново трло“ претепале 10 годишно дете (Ромче) за наводна кражба (не се знае што е украдено). Веднаш по настанот на одредени портали осамна информација дека на 11 април, оваа година, околу 21 часот дошло до физичка пресметка меѓу жители на населбата „Трајаново Трло“ во Кочани и група крадци – Роми, при што неколку лица се здобиле со телесни повреди. Но, ниту еден од тие медиуми не ја спомна снимката со тепањето дете и зошто всушност дошло до физичка пресметка.
Во Утрински брифинг гостуваа Зоран Димов, претседател на ИРУ и Шенај Османов, директор на Здружение за правата на Ромите Штип и двајцата членови на Мрежата за системски и трајни решенија
-Немаше потреба да дојде до тој степен да биде малтретирано детето. Детето беше да купи цигари. Овој инцидент е само од причини што Ромите не ги сакаат. Не сакаат таму да се живее во заедница со ромската популација. Знаме дека дваесетина луѓе се приведени, но не знаеме против кого се поднесени кривичните пријави, вели Османов.
-Зачестуваат инцидентите низ цела Македонија. Ова не е инцидент само да се каже дека е меѓу младите. Ова е човек да се згрози – девет луѓе да тепаат дете. Не знам зошто УНИЦЕФ, Меѓаши, Хелсиншки не излегуваат со свој став? Ромските политички партии како се уште да спијат. Но има и друга димензија. Детето е од незгрижено семејство. Таткото да не изигрува Сандокан преку ФБ дека ќе убива. Ако беше голем маж требаше да го чува своето дете.
Линк: