Веќе се навикнавме да се гледаме со заштитни маски на лицата додека се разминуваме по улица или во парк, но што вели науката за ова? Дали е тоа навистина потребно?
Научниците веќе научија повеќе за вирусот SARS-CoV-2 од почетокот на пандемијата, така денес знаат дека површините не се толку важен фактор во ширење на болеста и дека претераната дезинфекција е непотребно губење време и трошење ресурси.
Знаеме дека вирусот примарно се шири преку аеросоли, ситни честички кои некое време остануваат во воздухот, спротивно од големите капки испратени со кивање и кашлање кои брзо паѓаат на земјата. Тоа значи дека престојувањето надвор е многу побезбедно отколку во затворени простории, вели Хозе Луис Хименес, водечки експерт за аеросоли на Универзитетот во Колорадо.
Затоа се потребни маските во затворени простории.