Борис Миличевиќ, заменик министер за човечки и малцински права во Валдата на Република Србија неодамна објави на својот Твитер профил текст со содржина која привлече внимание и на многумина им ја презентираше приказна за неговот тешко и макотрпно детсво каде одраснал во хранителско семејство. Тој зборува и за детето од ромска националност Ацо со кого заедно живееа, и со негова помош успеа да го преживее како што вели најтешкиот период од неговиот живот.
Миличевиќ на твитер опиша дека беше тешко да се живеее секојдневно од тепањето и за најмалите грешки кој ги добиваше од тогашните негови старатели во село недалеку од Белград. Тој тие маки ги делеше заедно со неговиот другар ромчето Ацо, кој му беше како брат.
- „Ја имав среќата во цела несреќа да живеам во хранителско семејство во близина на Белград заедно со уште едно сираче, Ацо кој беше постар од мене една година. Бевме како браќа. Незнам каде е денес Ацо, но сум му благодарен што ме бранеше од сите, што ми ја всади љубовта како кон Ромите така и кон другите, и дека сите сме еднакви„