Во Албанија има повеќе образовани Роми, некои од нив се и политички ангажирани. Сепак, во албанскиот парламент нема ромски пратеник. Политичарите ги посетуваат ромските населби само за да придобијат гласови. Грижите и стравовите на ромските жители се забораваат по правило до следните избори.
Ромскиот НВО сектор кој работи на равата на Ромите, Еѓипќаните и Ашкалиите стравуваат за својата иднина затоа што ви парламентот ќе немаат свој преставник кој ќе ги брани. Тоа одразбира подобри услови за домување, образование и вработување.
Затоа другите политичари го искористуваат тој момент, за време на избори ги посетуваат ромските населби, разговараат, ветуваат , се фотографираат . Всушност на тој начин ги купуваат Ромските гласови, а потоа останува се по старо . Значи во своите предизборни кампањи нив ги користат како декорација. Ромите бараат да бидат почитувани не само за време на изборите , туку и по изборите.
Инаку од вкупниот број на жители во Албанија кој брои 3 милиони, 20.000 се Роми.