За поквалитетно вклучување на ромските деца во образованието, иницирање на кампања: „ Секое ромско дете на училиште„ и иницијатива „Педагошки асистенти„

Како заложба за поквалитетно образование со акцент на децата од Ромската заедница од Република Северна Македонија, Советникот за инклузија на Ромите во Кабинетот на Претседателот на Владата Зоран Заев, Елвис Мемети заедно со пратеничката Љатифа Шиковска и претседателот на ЗРДИЦМ Зоран Димов иницираа он лајн средба - состанок со ромскиот НВО сектор, активисти и тим лидери. На состанокот беше преставена идејата да се започне со активности од областа на образванието за поквалитетно вклучување на ромските деца во тој процес. Осврт се даде повеќе на идеата за старт на кампањата - „Секое ромско дете на училиште„ и иницијативата за „Педагошки асистенти„ Овие активности ја имаат истата цел а тоа е поквалитетно образование кај ромските деца од основните училишта. Зоран Димов во кратки црти како провајдер го објасни профилот на дејноста Педагошки асистент согласно верификуваната програма за дејност во АВРСМ во согласност со активната мерка за активација на пазарот на трудот -Обука за побарувани занимања, како и потребата за „Педагошки асистенти„ кој ја имаат и целосната подршка од МТПС, Агенцијата за вработување, МОН и локалните самоуправи. Во следните денови ќе се дефинираат насоките на активностите и воедно од страна на сите присутни оваа активност беше позитивно прифатена со ветување дека ќе земат активно учество во овие процеси. Камапњата - секое ромско дете на училиште ќе се спроведувања со подршка на НВО и активистите и образовните медијатори на терен од куча на куча за да се промовираат можностите и да овозможи упис на сите деца во училиштата, вклучително и на децата од родители кои што сеуште немаат извод на родени и се дел од категоријата на лица без документи. Во рамките на оваа кампања може да се вклучат и сите заинтересирани страни, заради таа цел се размислува и за отворање на телефонска линија на ниво на општините во НВО или пак во училиштата каде што би можело да се пријави незапишано дете за да понатаму се разгледуваат мерките за упис со надлежните институции. Во рамките на Иницијативата Педагошки асистенти, пред одпочнувањето на повикот за Обука за побарувани занимања ќе се спроведе мапирање на терен за да се мотивираат и информираат невработените лица регистрирани во АВРСМ и корисници на Гарантирана минимална помош да аплицираат на престојниот повик и да ја посетуваат оваа обука - информираше Елвис Мемети, советник за инклузија на Ромите на ПВРСМ

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 630 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата