На самиот старт „Честит 8 Септември денот на независноста на нашата држава„ Поминаа 30 години, и за чудо сеуште не сме го заборавиле овој ден! Се роди Република Македонија, дефинирана како рамноправен државно-правен и политички субјект на сит заедници кој живеат во неа. Во овие 30 години наместо функционална држава, се стекнавме со епитет „заробената држава“, во „наметнатт систем’’, со корупцијата во фаза на крадење на почеток со лажица, потоа со лопата за сега да се краде со булдожери. Нема правна сигурност, нема амбиент за долгорочно планирање. Не постои конкурс објавен од државата, а да не е наместен. Не постои тендер без однапред да е договорен со сите детали со клиентите на власта без разлика дали претходните или сегашните. Од таквото општество, во изминатите триесет години заминале од земјата најмалку четвртина од населението . Македонија некако тешко застанува на свои нозе. Страшно е дека постојано и треба увезен респиратор, увозен кислород за да го деблокирате политичкиот процес. И, уште нешто! Да, одлично е да бидеме дел од НАТО и ЕУ, но тоа не е доволна гаранција за нашиот траен опстанок. Потребно е многу повеќе од тоа. А тоа е „Репубика Северна Македонија е потребно да има свое цврсто достоинство!. Него некако сеуште го - НЕМА.