Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји оцени дека граѓаните на Западен Балкан може да ја предизвикаат следната мигрантска криза доколку Европа дозволи да пропаднат ветувањата за проширување и ја повика ЕУ да ја засили соработката со земјите од Западен Балкан за миграција.
– Мора да ги исполниме ветувањата за Западен Балкан. Ајде да замислиме што ќе се случи ако процесот на пристапување на нашите партнери од Западен Балкан уште повеќе да се пролонгира од некоја геополитичка причина и она што го ветивме не се случи на крајот, рече Вархеји.
Во врска со пристапувањето на Албанија и Северна Македонија, Вархеји рече дека двете земји ги исполнуваат сите критериуми за почеток на пристапните преговори.