Портпаролот на Владата на Република Северна Македонија Душко Арсовски и директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, денеска одржаа заедничка прес-конференција на којашто информираа за тековните активности поврзани со Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во 2021 година.Портпаролот Арсовски информираше дека заклучно со вчера до 20:00 часот попишани се 512.457 граѓани, вкупно 158.519 домаќинства и 212.464 станови.
„Владата се заблагодарува за поддршката што граѓаните ја даваат за успешно спроведување на пописот. Масовниот одѕив покажува за свесноста и одговорноста на секој од нас да придонесе во собирањето на податоци важни за креирање на заедничката иднина. Врз основа на собраните податоци ќе се прават анализи, ќе се носат одлуки и прецизно ќе се планира развојот на земјата“, истакна портпаролот Арсовски.