Ќерката на Есма Реџепова Теодосиевска, пејачката Елеонора Мустафовска, заедно со нејзиниот сопруг Оливиер Бони отворија спомен соба во Брисел, во чест на Есма и Стево. Нивната организација “ESMA- CARREFOUR DE CULTURES”, која што е главен организатор на оваа егзибиција, имала во план да го презентира овој проект во повеќе градови низ Европа.
Симеон Атанасов, кој е едно од момчињата кои Есма и Стево ги одгледаа, и кој и беше менаџер до крајот на нејзиниот живот, е иницијатор на проектот
-Со големо задоволство ве известувам дека во Брисел, на први октомври се отвори спомен соба на големите уметници и хуманисти Есма и Стево Теодосиевски. За оваа идеја ме поттикна моето незадоволство од сегашната власт која што не покажа никаков интерес за музејот на Есма и Стево Теодосиевски, кој што тие го тие го завештија на Македонија.
-Мојата идеја немаше да стане реалност без големата подршка на на г-динот Оливиер Бони и неговата сопруга Елеонора Мустафовска. Нивната организација “ESMA- CARREFOUR DE CULTURES”, која што е главен организатор на оваа егзибиција, има во план да го презентира овој проект во повеќе градови низ Европа –вели Атанасов.
Појаснува дека во Брисел од први до 15-ти октомври ќе бидат изложени фотографии, неколку фустани кои што Есма ги носеше на своите концерти, накит, последната книга на авторот Славе Катин итн…
Елеонора