Македонија има нова Влада, ромските политички партии останаа пред излогот од слаткарницата само со прст в уста!

„Чичко ај една топка сладолед„ рече едно Ромче.

„Нема сладолед, заврши!„ рече слаткарот.

„Епа дај еден еклер, или тулумба„ побара Ромчето.

„Нема ни тоа, заврши се, не остана ништо, не гледаш дека ја чистам витрината од трошките со бурек„ рече чичко слаткар.

„Епа ај тогаш ако може тоа трошките од бурек те молам„ молежливо рече Ромчето

„ Ејјј што си досаден бе! Еве ај земи ги овие трошки и сиктер да те нема„ рече луто слаткарот

„Фалааааа многу„- рече Ромчето ги зема трошките и го снема надвор трчајќи низ улица и стигна до своето маало и на другарчињата им се пофали: „Брат лом го направив слаткарот, партали! Му ги земав за џабе трошките од бурек!„

Е токму таква е состојбата со Ромите и ромскиот политички блок по најновата распределба на министерски, заменик министерски места, директорски  функции и други повисоки позиции по најновиот состав на Владата.

Се и сешто има само Роми во првиот, и вториот ешалон – нигде!

Ете толку вреди ромскиот политички рејтинг како во оваа Влада предводена од СДСМ , а по се изгледа така ќе биде и во некоја друга предводена од ВМРО ДПМНЕ и другите.

Е затоа драги ромски политичари и лидери, фатете се во сериозни промени и прегрупирања во Вашите политички агенди ако сакате да бидете сериозен партнер на поголемите македонски и албански партии , затоа што со сегашната позиција СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, ДУИ или другите партии веднаш ве скенираат и ги препознаваат вашите вистински капацитети и вашата сила.

Да имавте вистинска стратегија па и доблест до сега ќе требаше да ги казните илјада пати вашите поголеми коалициони партнери, но сепак вие тоа не го сторивте и останавте доследни на тоа „трошките од бурек„. И продолжете со тоа Вашата активна ФБ политика. „Кучињата лаат, караванот врви„

 

.....продолжува

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 137 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот