Во некои ромските семејства, Василица се слави со многу стари обичаи кои се вообичаени за Ромите, но и со многу локални обичаи кои се специфични за одредена област каде што живеат Роми.
Василица е еден од ромски традиционални празници, кој се слави на 14 јануари. Празникот е тесно поврзан со ромската Нова година, која се слави на 13 јануари и трае во наредните четири дена. На Василица се празнуваат народни обичаи според кои се внимава на гуската која се коли да биде свртена кон исток. Според легендата, на Ромите кои побегнале преку водата од нападот на напаѓачите, Бог им помогнал испраќајќи им гуски да ги спасат од давење. Затоа е вообичаено на овој ден да се колат живина, а не исклучиво гуски.