Ромскиот уметник Дурмиш Ќазим, од година во година го покажува својот раскошен талент и умешност во областа на уметоноста. Тој оваа година за прв пат во 2022 година ќе организира самостојна изложвба во срцето на Европа во Брисел. Таа же се одржи од 7 Април до 22 Април во Migration Museum.
Во критиките и портфолиото на Дурмиш Ќазим се вели дека неговиот стил е магичен и надреален свет
Меѓудругото во портфолиото за неговата самостојна изложба во Брисел меѓудругото стои:
„Во неговата уметност, мислите и чувствата ја стимулираат внатрешноста што доведува до лично ослободување и будење на идејата. Инспириран од ромскиот народ и традицијата, преку која се прикажува себеси, од емоции, динамика и страст, од сликовит реализам проткаен со симболика. Во неговите слики тој инкорпорира теми како стереотипи, предрасуди и дискриминација на ромската култура. Отворено се посветува на своите културни корени, на атмосферата која се однесува на детството и дискриминацијата и во искрена посветеност се трансформира и дефрагментира.„