Деновиве од страна на Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари објавуви публикацијакоја беше во рамките на проектот „Истражување за пристапот и функционалноста на системот за заштита на жените Ромки, жртви на родово базирано насилство и семејно насилство на територијата на Скопје“, поддржан од Европскиот центар за правата на Ромите.
Наоди и анализа на добиените податоци од прашалниците и фокус групите За потребите на истражувањето беа спроведени 200 прашалници со жени Ромки од 5 општини и тоа: Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Гази Баба, Центар и Чаир, односно оние општини каде што живее побројно ромско население. Исто така, беа спроведени 12 фокус групи со кои се опфатија 50 жени.
Меѓу другите наоди забележливо беше дека најголем број од испитаничките односно 77% се невработени, додека 23% од жените се вработени
Во однос на степенот на образование, најголем процент од жените се со основно образование, односно 41,5%.Загрижува фактот што дури 41% од жените се без формално образование, додека, пак, само 0,5% се со високо образование.
80,5% од испитаничките живеат во заедница од 3-9 членови, а 11% живеат во домаќинства со повеќе од 9 членови.
77,5% од жените одговориле дека биле или се жртва на родово базирано или семејно насилство.
На прашањето дали пријавиле родово базирано или семејно насилство, 92,5% од анкетираните жени одговориле дека не пријавиле, додека 7,5% од жените одговориле дека пријавиле.