Се спушта завесата на Јубилејниот 20-ти Ромски филмски фестивал „Златно Тркало 2022„. Најдобра режија турскиот „Kovan„, Гранд при за “Dance in this chaos” на Мурат Жерка

Во сабота на 30 април во Кинотека на Македонија се спушта завесата на овогодишниот Јубилејниот 20-ти Ромски филмски фестивал „Златно Тркало 2022„.

На свечената церемонија во збогатениот програмски дел ќе се доделат признанијата и благодарниците за сите оние кои беа дел од фестивалските денови во натпреварувачкиот и ревијалниот ден. Инаку како и секоја година и оваа организатор е СП БТР продукција и директорот на фестивалот Зоран Димов, со финансиска помош од Агенцијата за филм на РС Македонија и оваа година во тој дел беа потпомогнати и од град Скопје.

Во филмската програма која започна на 26 април  и беше до 29 април во Кинотека на Македонија и претходеше неколку дневна филмска работилница за изработка на едноминутни видеа за деца од основните училишта, за кои трите најуспешни ќе добијат и плакети и награди.

Истовремено беше организирана и тринеделна работилница за изработка на младински видеа кои воедно сите изработени видеа же бидат емитувани и наградени, а на посетителите на работилницата же им се врачат и сертификати. Работичлниците ги водеа истакнатите филмски работници Дарко Башевски и Марија Џиџева.

Воедно во хотелот „Бон Бон„ во Скопје се организира и Тркалезна маса на тема„Ромите во филмската уметност„ каде учество земаа истакнати филмски работници како од Република Северна Македонија така и од Република Турција, Србија, Унгарија, Косово и Шпанија.

На денот на свечениот церемонијал ќе има краток музички перформанс каде ќе се исполнат познати песни носечки музички нумери од неколку познати филмски оставрувања каде лајт мотивот се Роми.

Инаку на свечениот церемонијал наградени ќе бидат најуспешните филмски остварувања за оваа година и тоа по категории:

Награда за најмлад актер – Алексеј Петровски . Награда за придонес кон Ромската заедница -  Project series "Support for Cooperation", од Унгарија. Награда за Зачувување на трајни вредности - „Ромите во Србија – Шабан Бајрамовиќ„ . Р.Србија Продукција: Медиа и Реформ Центар Ниш (MRCN)

За најдобро сценарио, -  „Големиот преглед 1749“ – Шпанија . Во категоријата најдобра музика добитник е - Romanlar: Serdar Mahallesi İzmit – од Република Турција.

За најдобра режија одлучено е наградата да ја понесе Ѓокчин Докумачи за документарецот „ Kovan„ – Р.Турција. Како севкупен победник или  Grand prix на Фестивалот  го понесе филмот „Dance in this chaos„- „Танцување во хаосот“ во режија на Мурат Жерка од Р.Северна Македонија. На крајот од фестивалот планиран е свечен коктел за сите присутни гости.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 139 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот