„Сè уште е баук во Македонија жена да земе труба и да свири“, вели 44-годишната Техамана Лазар од Куманово, единствената трубачка во Македонија. Таа работи на две места, предава ромски јазик во училиштето „Браќа Рамиз и Хамид“ во Ш.Оризари и како професор по музика во училиштето „Рома рок скул“. Таму предава вокал, солфеж и труба, и не изучуваат само ромска музика, туку си други музички правци.
Лазар вели дека нејзиниот татко е трубач и дека од мала се заинтересирала за тој инструмент, а како и секое дете, вели, сакала да се обиде да учи да свири.
„Кога се обидував да учам да свирам, излегуваше тон, што е многу чудно за едно девојче. Кога се запишав во нижо музичко училиште, сите ме прашуваа што сакаш да свириш, а јас одговарав труба. Секој инструмент си има свои потешкотии, не можам да речам дека немав проблеми. Потребно е многу вежбање и што е можно повеќе да се посветите на инструментот. Многу се израдував кога слушнав дека две девојчиња од ’Браќа Рамиз и Хамид’ сакаат да свират на труба. Тие почнаа да импровизираат со хорна, но мали се, почетници. Ќе видиме дали ќе доаѓаат на часови“, вели Лазар.