Во која земја од ЕУ и Западен Балкан најмногу поскапе лебот? Во ЕУ во Унгарија и Литванија со најголем скок на цените, а во Западен Балкан во Црна Гора

Цената на лебот минатиот месец се зголеми за речиси една петтина во Европската унија, а како главна причина за тоа се наведува војната меѓу Русија и Украина, кои се сметаат за двете главни извозници на житарки и вештачки ѓубрива.

Просечната цена на лебот во ЕУ беше за 18 отсто повисока во август 2022 година отколку истиот месец лани, покажаа податоците на Евростат. Во август 2021 година, просечната цена на лебот се зголеми за 3 отсто на годишно ниво, соопшти Евростат.

Унгарија и Литванија забележаа највисоки годишни промени во просечната цена на лебот, со зголемување од 66% и 33%, соодветно.

Земјите со најнизок просечен пораст беа Франција со 8%, и Холандија и Луксембург кои забележаа пораст од по 10%.

Во која земја од Западен Балкан најмногу поскапе лебот?

Поскапувањето на лебот е најновиот проблем со кој се соочуваат граѓаните, не само во Македонија, туку и во останатите земји од Западен Балкан.

Во однос на земјите од Западен Балкан, Албанија е земјата во која лебот најмалку поскапе, додека во Црна Гора цената на овој главен прехрамбен производ е двојно зголемена, објави Радио Слободна Европа.

Имено, лебот во Албанија поскапе за 20 отсто, па сега жителите на оваа земја го купуваат по цена од 0,51 евро (31.67 денари). Лебот во Србија поскапе за четири отсто повеќе од Албанија, а граѓаните за него плаќаат 0,42 евра (26.08 денари).

Во Босна и Херцеговина овој производ чини 0,79 евра (49.05 денари), што е за 35 отсто повеќе во споредба со лани.

Исто процентуално поскапување има и кај нас, каде во продавниците веќе нема „нормална“ големина на пченичен леб под 0.81 евра. Во Косово оваа основна храна поскапе за 39 отсто, а граѓаните можат да ја добијат за половина евро.

 

Link : https://www.slobodenpecat.mk/vo-koja-zemja-od-zapaden-balkan-najmnogu-poskape-lebot/

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 608 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот