Социјала

Европскиот суд за човвекови права - ЕСЧП ја објави пресудата во случајот на дискримација на децата Роми во Штип и Битола

Европскиот суд за човекови права со седиште во Стразбур, во вторникот на 13 декември 2022 ја објави пресудата за случајот Елмазова и другите против Македонија, кои се однесуваат на случаи за наводна сегрегација на ученици Роми во две јавни училишта во Битола и Штип.

Апликантите, 87 државјани на Македонија, се родени помеѓу 1958 и 2013 година и живеат во Битола и Штип и се со ромско потекло.

Случајот се однесува на наводната сегрегација на ученици Роми во две јавни училишта.

Апликантите биле ставени во основно училиште само за Роми во Битола (бр. 11811/20) и во одделенија само за Роми во училиште во Штип (бр. 13550/20).

Потпирајќи се на член 1 од Протокол бр. 12 (општа забрана за дискриминација) и член 14 (забрана за дискриминација), апликантите сметаат дека децата биле ставени во посебни училишта и паралелки во отсуство на објективно и разумно оправдување.

БТР слави 30 години јубилеј и порачува: „Очекувајте враќање на БТР уште посилен и помоќен„

Токму пред 30 години на денешен ден на 13 Декември далечната 1992 година токму на роденденот на нејзиниот сопственик Зоран Димов, за прв пат во етер се емитуваше програма на првото ромско радио за подоцна да прерасне и во ТВ кое за многу кратко време се стекна со огромен број на своја публика.

И во текот на своето работење ТВ БТР остави огоромен белег кко кај Ромската така и кај останатат популцаија на гледачи. Вниманието им го здржуваше со разновидната телевизиска програма од сите профили. Подоцна овој медиум се прошири и беше прв приватен медиум од Македонија кој зрачеше на сателит.

Но цел овој подем и успех како да им беше на некои политички структури „трн во око„ и на крај успееа во својот план – затварање на ТВ БТР.

Но едно е сигурно.

Нејзиниот сопственик Зоран Димов како и тогаш, така и сега кого го краси упорноста напоменува: „ТВ БТР остави белег кои и до ден денешен неговата публика го потенцира, дека мојата телевизија и тимот кој работеше остави незбришлив траг во медиумскиот етер. Затоа и можам цврсто да ветам дека мотивацијата која ни ја дава публиката е всушност и важниоот елемент а тоа е ТВ БТР повторно да заживее!

И всушност ветувам и очекувајте повторно  враќање на ТВ БТР во етерот, но сега уште помоќен, посилен и помотивиран за совојување на медиумскиот пазар. Тоа го можам и ја имаме формулата„ се зборовите на Зоран Димов кои ги подгреа надежите токму на денот на јубилеот 30 години  на ТВ БТР и деноот на  неговиот  роденден.

А тој ден да се надеваме дека ќе биде скоро или веќе во 2023 година.

Ако е така тогаш Честит јубилеј БТР и среќен роденден Зоран Димов.

Пијанистка Ромка од Нови Сад за момент кој и го промени животот

Се издигна над сите и им покажа која е таа! Борбата беше тешка и мачна но вредеше. Но како се избори за свое место во општеството и ги победила сите предрасуди кон Ромите , раскажа Александра Александровиќ (28) од Нови Сад.

 - Да, бев дискриминирана поради мојата боја на кожа и затоа што сум Ромка. Има различни начини на дискриминација.

Кога бев во трето одделение во основното училиште, наставничката ги раздели децата , белите од потемните. Белите деца беа сместени во првите клупи напред, а децата со темна боја на кожата ги смести во последните клупи, и тоа со еден празен проред меѓу тие клупи.

Кога и да дигнев рака за да одговорам на нејзините прашања , таа ме игнорираше. Како да не постоевме ние потемните деца од последните клуп- се подсетува Александра на своето детство.

-Дојдов дома расплакана и му кажав на татко ми што се случува. Утредента татко ми отиде на училиште , разговараше со наставничката и состојбата повеќе не беше таква.

Но по неколку дена наставничката додека ни ги проверуваше домашните задачи ме запраша, Александра дали ти си Ромка? И одоговорив: „ Да јас сум Ромка„. Во тој момент настана молк и тишина, децата ме гледаа, како да сум рекла нешто ужасно и страшно.

- Сите сме свесни фрка додека сте дете сето тоа интензивно го преживувате , дека тогаш се трасираат многу работи и се поставуваат темелите за понатамошниот живот.

- Инаку дискриминацијата и расизмот и понатаму постојат . но тоа што можам да го направам е тоа да не дозволам да влијае врз мојата психа, и да не дозволам да паднам.

- Паралелно  со основото посетував и нижа музичка школа во „ Исидор Бајиќ„ во Нови Сад и главен инструмент ми беше армоника. Потоа запишав и средна музичка школа , главен инструмент клавир, но исто така ја задржав и хармониката и свирев во оркестарот.

Потоа се запишав на Академијата за уметности . студиски програм Етномузикологија, со главен инструмент тамбура и клавир. По дипломирањето запишав и Мастер студии во Театарот , драмски департман во новосадската Академија за уметности. Зимскиот семестар  го посетував во Нови Сад, а летниот во Норвешка во градот Берген преку Еразмус програмата за размена мна студенти. Успешно го одбранив мастерот и тезата со наслов: „Интеркултуралност низ наставните единици по предметите музичко и математика„ и се стекнав со диплома мастер драмски педагог, напомена Александра.

 

Link https://luftika.rs/aleksandra-aleksandrovic-pedagog/?utm_source=fb_page&utm_campaign=publer&utm_medium=Luftika&fbclid=IwAR24JUZRi-5PpPiSBf0MU2HDkr5U8DlhHNSxNTgRuYi3FHi7IEGFO4XaSkE

Според информациите на веб порталот Рома Прес – Мухарем Сербезовски е примен во болницата во Сараево

Познатиот популарен естраден уметник Мухарем Сербезовски е примен во Општата болница од д-р.Абдула Накаш во Сараево. Тој се соочи со здравствен проблем кој за кратко ќе се оддалечи од планираните музички обврски.

Сербезовски го очекува тешка операција на колкот.Инаку неофицијално Рома Пресс дознава дека операцијата е итна и закажана за денеска.

 

Link https://romapress.mk/featured/muharem-serbezovski-arakhlagovela-ani-bolnica-ko-saraevo/

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 307 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот

Joomla! Debug конзола

Сесија

Информација за профил

Искористеност на меморија

Барања до базата