Социјала

Цивил медиа - Муратов: Живот вреден колку една бунда!

„Кој од вас ќе види некое зло, нека го спречи: прво со рацете, потоа со јазикот, а доколку не може да го спречи со рацете и јазикот, тогаш нека го осуди со срцето“, рекол пророкот Мухамед а.с., пред многу години!

Во изминатиот период руска пропаганда силно ја злоупотребуваше религијата за оправдување на војната во Украина, меѓутоа горенаведениот цитат е потврда дека религијата не повикува на зло, туку напротив повикува на соживот, мир, толеранција…

Денес, сме сведоци на зло, крвопролевање, силување, терор, неправда, разурнати домови, храмови, болници, училишта, градинки…, но и покрај тоа, за жал и во нашата држава има путинољупци кои го подржуваат, одобруваат или релативизираат тоа злосторство против човештвото.

Путинистите цело време ја релативизираат руската агресија со тоа што беа „загрижени“ „зошто не се зборува за Сирија, Палестина, Авганистан…“, истите тие кои беа против доаѓањето на авганистанските бегалци, и кои собираа потписи за некакви измислени бегалски кампови!

Пред сè нашата човечка обврска е да го спречиме злото на Путин без разлика на етничката, верската, професионалната или друга припадност.

Ние од оваа дистанца се спротивставуваме на путиновото зло со нашето најсилно оружје, а тоа е пишаниот збор, говорењето на вистината, разобличување на дезинформациите.

И покрај силната руската пропаганда, сепак сведоци сме на хероизмот на народот на Украина кои буквално со голи раце се спротивставуваат на тоа зло, жртвувајќи ги своите животи, само за да си ја зачуваат татковината, домот, достоинството и честта.

За разлика од украинските херои, животот на рубљолупците кои гинат во Украина вреди колку една бунда. Црните руски вдовици мораа дури и да се смејат пред камерите на руската пропагандна машинерија и да потврдат дека се задоволни од помоштта што им ја дава Путин. Колку е мизерно и поразително тоа животот да ти вреди колку едно парче облека!

Хероизмот на украинскиот народ потврдува дека слободата нема цена!

 

Link: https://civilmedia.mk/muratov-zhivot-vreden-kolku-edna-bunda/

Чешкиот апелационен суд ја укина пресудата на понискиот суд во случајот на тепачка на јавен базен затоа што недостасуваат важни сведочења

CNN Prima News објави дека апелациониот суд на регионално ниво ја поништил првостепената пресуда од окружниот суд во случајот на тепачка на јавен базен во градот Дуби во областа Теплице во 2018 година, бидејќи не биле сослушани важни сведоци во суд. Целиот случај повторно се отвора и треба повторно да го разгледа судот во Теплице.

Инцидентот, кој предизвика антиромски, расистички реакции на социјалните мрежи, се случи на 7 август 2018 година. Возрасна жена посетител на базенот која е „бела“ решила да го казни детето за кое, според судските записи, се вели дека туркате друго дете под вода. CNN Prima News објави дека апелациониот суд на регионално ниво ја поништил првостепената пресуда од окружниот суд во случајот на тепачка на јавен базен во градот Дуби во областа Теплице во 2018 година, бидејќи не биле сослушани важни сведоци во суд. Целиот случај повторно се отвора и треба повторно да го разгледа судот во Теплице.

Жанета Дункова, Ромка која не е мајка на казнуваното дете, застана во одбрана на него. Друг возрасен посетител на базенот, Дејвид Мичајлак, се вклучил во расправијата меѓу Дункова и „белата“ жена и се обидел да ги оддалечи жените една од друга.

Други возрасни Роми (кои подоцна беа обвинети) решија да ја бранат својата роднина. Мичајлак заврши во болница со умерено тешки повреди.

Во мај 2021 година, Окружниот суд во Теплице одлучи дека Јиржи Деметра и Роман Дунка ќе бидат испратени во затвор со максимална безбедност на една година поради заговор за намерно извршување телесни повреди и неуредно однесување. Другите учесници во конфликтот, обвинетите Михал Дунка и Радек Чонка, беа ставени на условна казна од две години.

 

Link: https://romea.cz/en/czech-republic/czech-appeals-court-overturns-lower-court-verdict-in-the-case-of-a-brawl-at-a-public-pool-because-important-witness-testimony-is-missing

Битола, Р.Северна Македонија: Исправена 30 годишна неправда – Битолчанецот Станимир конечно доби државјанство

СВР Битола конечно му издаде лична карта на едно од околу 500 лица без државјанство во Македонија.

Документот со кој 73 годишниот битолчанец Станимир Пелифановиќ, сега ќе може да ги ужива сите граѓански права кои му следуваат од државата, не е само карта за лична идентификација, и остварување на неговиот најголем долгогодишен сон, туку значи и надеж и поттик и мотивација и потврда дека упорноста кога-тогаш се исплаќа.

Случајот на Станимир е и пример дека кога граѓанските активисти и новинарите, кога здруженијата и медиумите делуваат заедно, со заеднички сили, можат да придонесат, да ги „подразбудат” и да ги поттикнат институциите да делуваат поажурно, поотворено и посочувствително и помалку дискриминирачки, особено кон немоќните и ранливи граѓани на кои нема кој да им помогне.

Видео сторијата која Владимир Котевски како учесник на Менторската програма за млади новинари на МОФ во партнерство со УНХЦР со поддршка на Миграцискиот повеќепартнерски доверителски Фонд, ја изработи за институционалната „голгота” на Станимир и нејзиното објавување од три Интернет портали и широката граѓанска поддршка на социјалните мрежи, е само еден мал дел во „битката” која заедно со Станимир со години ја водеа активистите на Здружението на Роми „Баирска Светлина” и Ремзи Медик со неговите лични заложби.

 

Link: https://www.kepenci.mk/ispravena-30-godisna-nepravda-bitolcanecot-stanimir-konecno-dobi-drzavnjanstvo/?fbclid=IwAR1ck8y5wiOdT11eWizh2sFxu9XDOLz071wyerorL2DESCf2ZNbH9DPzkjk

Во продолжение, потсетување на видео-сторијата:

Link:

По предлог на Мрежата за системски и трајни решенија поддржана е Иницијативата за формирање на Ромска платформа за општествено позиционирање при процесот преговорите за членство во ЕУ

На 23 февруари годинава во хотелот Бон Бон во Скопје се одржа средба помеѓу преставници на дел од ромскиот НВО сектор , политички преставници и ромски иннтелектуалци да се разгледа Иницијативата за формирање на Ромска платформа за општествено позиционирање при процесот преговорите за членство во ЕУ. Иницијативата произлеезе од страна на Мрежата за системски и трајни решенија за Ромската заедница во Р.Северна Македонија.

На оваа средба присутните ја поздравија иницијативата и воедно нагласија дека е потребна во овој момент за да може да се превземат кпнкретни чекори во реализација на некои европски поглавја а кој се тесноо поврзани со Ромската заедница во државата.

Секој од присутните даде свои насоки и идеи на кој начин би требало да се движи за да биде практична и остварлива.

Пред се кај сите владееше оптимизам дека е можна реализација и затоа предложија во најскоро време да се одржат и повеќе состаноци и средби со поголемо учество и на други релевантни ромски фактори и чинители во ова општество.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 215 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот