Неофицијално: Жената која беше најдена во црна вреќа, е жител на Шуто Оризари на околу 30 годишна возраст

Траги на насилство биле забележани на женскиот труп кој вчера беше пронајден во скопско Горно Оризари.
Некои медиуми пишуваат дека жената (девојката) најдена во црна пластична кеса била убиена, ставена во кесата, па фрлена покрај патот.
Како што се дознава неофицијално од извори од истрагата, се работи за насилна смрт, а на нејзиното тело имало повреди од удари.

Телото на починатата девојка од местото каде што било фрлено, со наредба на јавен обвинител е предадено во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје. Откако ќе биде направена обдукција, ќе се знае од што точно починала, како и дали сторителот кој што ја убил оставил траги кој можат да ги донесат надлежните до него.

Инаку неофицијално засега станува збор за жителка од Шуто оризари и е на околу триесетгодишна возраст.

Од МВР информираа дека случајот во полиција го пријавил вработен во јавното скопско претпријатие Комунална хигиена додека патувал кон селото Горно Оризари, скопско.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

Momentalno Online

Имаме присутни 573 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот