25-годишник жител од Шуто Оризари го загуби животот - изгубил контрола над моторот и излетал од коловозот

Дваесет и петгодишно лице од Скопје од населбата Шуто Оризари завчера почина откако со мотоцикл излетал од коловозот на автопатот Скопје – Тетово. Како што соопшти МВР, несреќата се случила во средата вечерта во 21 часот на автопатот Скопје – Тетово, на обиколница, после клучка Мирковци. Лицето Д.З.(25) од Шуто Оризари управувајќи мотоцикл „априлија“, со скопски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот. По незгодата Д.З. бил пренесен во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“, каде им подлегнал на повредите. Извршен е увид на местото на незгодата, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

Momentalno Online

Имаме присутни 70 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

Golden Wheel - Entry Application Form

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот