Починатиот 19 годишен матурант Тони Сали немаше извод од родени, единствен доказ дека постоел беше одличниот успех во сведителствата

Матурантот Тони Сали, кој цела деценија водеше битка со Управата за водење матични книги за добие матичен број и Извод на родени, почина завчера на 19 години. Не дочека да биде запишан некаде во оваа држава дека постои, дека е жив. За првпат неговите осум букви се појавија вчера, во службената евиденција на МВР, но како починато лице. Тони нема да добие ни посмртница. Како да не постоел. Единствен документ и доказ дека постоел, ќе останат неговите петки од прва до последна, освоените домашни и меѓународни награди од натпревари и свидетелствата. Тони е роден во Македонија, во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, со час време и место на раѓање. Имал живи биолошки мајка и татко, т.е. со сите исполнети услови да биде запишан во Матичната книга на родени. Од пред две години Тони и родителите добија бесплатна правна помош преку министерот за правда Бојан Маричиќ. Адвокатката Тамара Славеска – Апостоловски ја водеше битката пред институциите, пред Управата за водење матични книги, Второстепената државна комисија, Управниот и Граѓанскиот суд. Вели дека папката со неправди што му ги стори оваа држава на Тони Сали ќе продолжи да ја полни за пред Европскиот суд за човекови права и слободи во Стразбур. Но Сали веќе не е жив да ја тера правдата. Како никогаш да не постоел.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

TV BTR NACIONAL

Momentalno Online

Имаме присутни 468 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот