Маријана Демирев - со класична музика до подобар живот

Во бугарскиот град Сливен се наоѓа едно од најголемите ромски гета во Европа. Таму девојчињата веќе со 12 или 13 години го напуштаат образованието , воедно да се впуштат во ризикот наречен малолетнички брак.

 

Но Никола Демирев од Сливен решил својата ќерка Маријана да ја отргне од таквата судбина и да и ги прошири хоризонтите.

 

Маријана започна да посетува часови по виолончело во училиштето на Ѓорѓи Калајџиев, уметник кој и самиот некогаш живеел во гето.

 

Денес тој е славен виолинист кој им предава класична музика на неколку ромски деца. Се е тоа финасирано од донатори од Германија, а ромските деца веќе и одржаа свој концерт пред публиката , во престижната сала „ Бугарија„ во Софија.

 

„На наставата по музика , нашите деца не учат само да свират туку и се стекнуваат со културата која им помага да го елиминираат ромскиот менталитет и традиција.

 

„Со музиката на тие деца се ослободија од тешката судбина – малолетните бракови.

Досега во тоа не успеа ниту една институција„ вели Никола Демирев кој поради хендикепот (слепило) успеа својата ќерка да ја извади од гетото во нормален живот.

 

Порано соседите им се смееа на фактот дека ќерка му учи да свири инструмент, затоа што тие мислеа дека музицирањето е строго машка работа. Но денес тие се горди на својата млада сограѓанка која свири класична музика.

 

Youtube: https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=TC-VEmnITxc&feature=emb_logo

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

Momentalno Online

Имаме присутни 113 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

Golden Wheel - Entry Application Form

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот