Џамбо Агушев правеше музика за новиот филм на режисерот на „Паразит“

Ромскиот музичар Џамбо Агушев учествувал во изработката на музиката за филмското остварување „Окја“ на Бонг Џун Хо, режисер и на филмот „Паразит“, кој годинава стана првиот странски филм добитник на четири Оскари, меѓу кои и за најдобар филм. “Паразит“ го победи македонскиот документарец “Медена земја“ во категоријата интернационален филм, а доби престижна статуетка и за оригинално сценарио и режија.

 

Во филмот „Окја“ може да се слушнат звуците на трубата на Агушев, кој на социјалните мрежи тогаш напишал: “Чувството да бидеш дел од филм надвор од државата е неверојатно и сон за секој музичар. Филмот беше презентиран во Кан – Франција и присутните беа задоволни, судејќи по аплаузот.

 

Тоа е гордост за мене и мојот оркестар ‘Џамбо Агушеви’, но и за Македонија што ја презентираме на највисоко можно ниво. Се надевам дека државата ќе се сети на нас, барем да ни се заблагодари за ваквиот успех“.

 

Link: https://www.vecer.press/%D1%82%D1%80%D1%83%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%B5-%D0%BD%D0%B0-%D0%B0%D0%B3%D1%83%D1%

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

Momentalno Online

Имаме присутни 244 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

Golden Wheel - Entry Application Form

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот