Од 1.000 марки по гол, до возење патници со комбе до Германија: Исповест на најдобриот ромски фудбалер во Србија, Дејан Османовиќ

- Во мое време да имаше Јутуб, сите голови кој ги дадов ќе траеа со часови – вели легендарниот Дејан Османовиќ кој и шпонатаму му е жал што не заиграл за Партизан од Белград. Каде е и што работи Дејан Османовиќ? Тоа се прашуваат љубителите на фудбалот во периодот 1990-2000 кога Калеа беше навистина препознатлив на фудбалските терени во тогашна Југославија, Србија и Црна Гора дури кога стапи и во петтата деценија од животот. Популарниот Калеа сега живее во Врање во просториите на својот матичен клуб Динамо од Врање со специјален изработен мурал во просториите на клубот. За каква легенда станува збор доволно сведочи информацијата дека има постигнато троцифрен број на голови во домашното првенство , а не играл ниту за Црвена Ѕвездам ниту за Партизан , чиј дрес го сонувал уште од мали нозе.

Од дебито за ФК Хајдук од Бела Кула во првеснтвото во 1996 година кога постигнал гол против Партизан (1:2), па се до 2008 кога го матираше на Радиша Илиќ за попбедна на Банат против ОФК Београд  (4:2), Османовиќ постигнал вкупно 101 гол и своето име го запишал во вечноста. Тој со носталгија зборува за времето кога „жареше и палеше„ на фудбалските терени. Зборуваше за убавината на оваа игра но и горчината од националистичките навреди кон него на фудбалските терени. Тоа го мотивираше уште повеќе да ги „кине„ противничките мрежи. Му се случувало стоперите на Ц.Ѕвезда да го молат малку да „закочи„ затоа што ги следеле скаути од странски тимови. Зад себе има и авнатури во Шпанија и Бразил и за неговиот јужначки темперамент. Калеа во свое време заработлувал и 1000 марки како бонус за секој постигнат гол. Но за тоа за да заработи не размислувал многу, па се случуваше по завршеток на фудбалската кариера да вози комбе превоз на патници на релација Врање –Германија и сега се кае за тоа дека стекнатото не знаеше подобро да го сочува. Од неостварените желби му се што не заиграл за репрезентацијата и за ФК Партизан од Белград. -Моментално сум невработен. Нормално во фудбалот сум, Доаѓам овде во Динамо кога имам време да помогнам. - Инаку овдека во Врање како фамилијарна традиција остана секој да има свој прекар. Јас мојот го наследив од татко ми. Татко ми исто беше фудбалер . Знаев дека со фудбалот ќе се занимавам цел мој живот. Од фудбалските имиња најмногу ги почитувам Вучичевиќ, Савичевиќ, Пикси, Мијатовиќ. Тоа беа големи ѕвезди.

 

Link: https://www.telegraf.rs/sport/fudbal/3203240-dejan-osmanovic-intervju-hajduk-kula-ekstramadura-vitorija-jugoslavija?fbclid=IwAR3smp7q9pSdfAPkMpCqHvyvUJPuMLND4WBL11vZhVxf9yqZ74V4ZPPUpaw

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

TV BTR NACIONAL

Momentalno Online

Имаме присутни 490 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот