Веб порталот Roma Times од оваа година со нов дизајн

Од стартот на оваа 2019 година ромскиот веб портал „ Roma Times„ стартуваше во ново руво и редизајниран. Инаку порталот започна да функционира онака „срамежливо„ на крајот од 2015, но сепак со време и со своите содржини се ештаблираше во еден важен сегмент во медиумскиот свет. Инаку во целиот овој период тој се стекна со висок рејтинг и посетеност од сите меридијани во светот. Самиот портал информациите ги прави на 3 јазици - ромски, македонски и англиски.
Инаку споредувајќи ја неговата посетеност и читаност помеѓу публиката, бројката на посетеност беше над половина милион посетители, додека читаноста на самите статии и посета на тие статии е над 1 милион.
Сегашната визуелна форма во овој дизајн на Рома Тајмс е направен по најсовремени технички стандарди. Инаку мора да се напомене дека голема заслуга за новиот дизајн, содржини и технички параметри покрај тимот на Рома Тајмс ја има и компанијата Антон Софт (Anton Soft) и нејзиниот менаџер Елвис Хајдар кој го направи целосниот редизајн на самиот веб портал.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот