ИРУ реагира: Нема крај за понижување на Ромите од Украина – Сега од националистите се обележуваат како крадци!

Хаосот во Украина продолжува. Овој пат вклучени се и украинската полиција и војска. Тие на свој начин ги казнуваат оние кои се и најсиромашни и оставени сами на себе. А меѓу нив се и украинските Роми.

Војната најмногу ги погодува најсиромашните, меѓу кои се и еден дел на заедницата Роми. Немањето на храна, не еднаквиот третман на доделување на хуманитарна помош за најранливите во ова војна, ја принудува ова заедница на илегален чекор со тешки последици по нивниот живот.

Нехуманиот третман , понижувањето на овие луѓе кои ке бидат фатени или само под претпоставка дека украле нешто, следува врзување за некој собраќаен знак или електричен столб со само леплива лента, фарбање на лицето во боја на украинското знаме, па дури и физичко малтретирање, и тоа се во името на „СЛАВА НА УКРАИНА„.

Многумина кои веќе ги погледнале овие фотографии, знаат дека ваков чин кон „гладните крадци„ се на сметка на озлогласените неонацистички групи на Украина пред се на членовите на неофашистичкиот одред Азов.
Ваков вид на казна се применува во држава во која нема демократија туку законот на улицата и самоволието, без разлика дали таа држава е во војна или не. Затоа и ИРУ реагира и вели дека е потребна и  реакција и апел до ЕУ и институциите да превземат соодветни чекори за елиминирање на овие појави, воедно да поведе поголема сметка и за третманот кон Ромите од Украина кои се оставени на милост и немилост. Каде се и што прават сега европските пратеници во ЕУ Парламентот кои се залагаат за правата на Ромите?

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 229 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот