ИРУ

Претседателот на ИРУ Зоран Димов во неколкунеделна официјална посета на Европскиот Парламент во Брисел

Претседателот на Интернационалната Ромска Унија – ИРУ, потпреседател на ЕРТФ и воедно Координатор на Мрежата за системски и трајни решенија за интеграција на Ромската заедница во Северна Македонија Зоран Димов, по покана од Европскиот Парламент во Брисел се наоѓа на неколкунеделна работна посета на оваа институција.

Посетата е поповод поканата за негово учество на Конференцијата поврзана со Ромите од Западен Балкан и Европа “Romni Week 2022” која ќе се одржи кон средината на Мај годинава. Во тој контекст во овие неколку недели Димов же оствари средби со истакнати и високи функционери од ЕУ .

Ќе има можност за презентација и на  Ромската стратегија која ја подготвија преставниците на Мрежата за системски и трајни решенија. Еден од клучните моменти е и заложбата на ИРУ за отврање канцеларија во Брисел за Ромски Омбдусман, која деновиве ќе биде и промовирана самата Канцеларија која преставува огромен чекор во интеграција на Ромската заедница во Европските институции.

Во периодот кои следува ќе се организираат и повеќе средби и состаноци со разни Европски агенции, меѓу кои и ќе се разговара на кој начин може да и се помогне на Ромите бегалци од Украина за еднаков третман кон нив.

Во периодот на неговиот неколкунеделен престој во Европскиот Парламент тој во  својот офис кој му е доделен од страна на  Европскиот парламент, ќе оствари средба и со повеќе европски пратеници, како и Ромски асоцијации и Здруженија кои ќе престојуваат во Брисел токму во тие денови.

 

 

 

 

Претседателот на ИРУ и координаторот на Мрежата за системски решенија Зоран Димов на средба со преставници од француската амбасада во Скопје

Војната во Украина бегалската криза, и состојбата со бегалците Роми од Украина, како и напорите кои ги прави мрежата за застапување и системски и трајни решенија за интехрација на Ромите во Северна Македонија беа дел од разговорите и презентацијата на Претседателот на ИРУ Зоран Димов како и коордиинатор на мрежата за системски и трајни решшенија. Тој своите гледиштса и ставови ги престави на преставниците од Француската амбасада во Скопје на г-дин Иго Бештел – Советник за култура и техничка соработка  како и Директор на Францускиот институт во Скопје и г-ѓа Џули Маравал аташето за соработка при француската амбасада.

Димов ја истакна загриженоста и воедно нееднаквиот пристап кон бегалците Роми од Украина на граничните премини и воедно при велз во други држави од ЕУ.

Истовремено на ниво на нашата држава ги престави плановите и реализацијата на Стратегии за Ромите како и една од многубројните превземени акции како што е Педагошките асиситенти.

Во тој сегмент и Иго Бештел и Џулли Маравал, се подготвени да дадат свој придоенс во реализација на тие активности.

На крајот од средбата Димов во име на Мрежата ја додели Благодарницата за особен придонес и поддршка на Ромската заедница која француската амбасада ја доби минатата година поповод 50 години од ИРУ и Меѓународниот ден на Ромите 8 Април. Таа беше доделена сега поради познатите протоколи поврзани со Ковид 19 кое беа на сила минатата година.

Претседателот на Европскиот парламент Роберта Мецола со посебна видео порака до ИРУ поповод Меѓународниот ден на Ромите 8-ми Април

„Меѓународниот ден на Ромите е ден за славење на ромската култура, историја и јазик и оддавање почит на придонесот на Ромите во богатото ткиво на нашите европски општества“, рече претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола по повод 8 април, Светскиот ден на Ромите. „И покрај предизвиците со кои се соочуваат многумина, граѓаните Роми можат да бидат горди Европејци, горди на богатството што го носат во Европа - но денес е и ден за подигнување на свеста за сериозна загриженост: растечкиот антициганизам“, рече таа во видеото каде што таа се појавува заедно со европратеникот Петер Полак.

Полак зборуваше за фактот дека многу мажи и жени Роми во Европа продолжуваат да се соочуваат со дискриминација и расизам. „Неприфатливо е нашата етничка припадност, боја на кожа или сиромаштија да продолжат да не делат“, рече европратеникот, потсетувајќи ги европските гласачи дека пандемијата докажа колку се уште се запоставени ромските населби и покрај огромните инвестиции.

„Денес се сеќаваме на лекциите научени од Втората светска војна, во која беа отфрлени послабите членови на нашето општество и потврдуваме дека Ромите мора да ги уживаат истите права и третман како и сите европски граѓани“, рече Мецола. „Европскиот парламент стои со вас. Sastipen bacht, le Romenge“.

 

Video: https://video.fskp4-1.fna.fbcdn.net/v/t39.25447-

Видео ЗООМ конференција на ИРУ поповод 8 ми Април, свои пораки испратоја највискоите светски и европскаи челници и организации

Поповод 51 година од ИРУ и Првиот светски Конгрес на Ромите се организира Видео ЗООМ конференција каде свое учество што преку Видео ЗООМ , а некои и со испратени Видео пораки на свечен начин беше одбележан. Вовед во значајот на денот имаше шретседателот на ИРУ Зоран Димов, а видео пораки со честитки имаа

Нтонио Гутереш Ген.секретар на ОН, Роберта Мецола Претседател на Европскиот Парламент, Торстен Афлербах Шеф за човекови пррава во ЕК, Ливија Јарока попреседателот на ЕП, Петар Полак европски парламентарец и др.

Тема на рдискусиите беа состојабата со Ромите од Украина а воедно и Ромите од Америка, Руската федерација, Индија, и вооѓто од Европа.

На крајот беше прочитана и Осмоаприлската ИРУ декларација.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 222 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот