ИРУ

ИРУ реагира: Нема крај за понижување на Ромите од Украина – Сега од националистите се обележуваат како крадци!

Хаосот во Украина продолжува. Овој пат вклучени се и украинската полиција и војска. Тие на свој начин ги казнуваат оние кои се и најсиромашни и оставени сами на себе. А меѓу нив се и украинските Роми.

Војната најмногу ги погодува најсиромашните, меѓу кои се и еден дел на заедницата Роми. Немањето на храна, не еднаквиот третман на доделување на хуманитарна помош за најранливите во ова војна, ја принудува ова заедница на илегален чекор со тешки последици по нивниот живот.

Нехуманиот третман , понижувањето на овие луѓе кои ке бидат фатени или само под претпоставка дека украле нешто, следува врзување за некој собраќаен знак или електричен столб со само леплива лента, фарбање на лицето во боја на украинското знаме, па дури и физичко малтретирање, и тоа се во името на „СЛАВА НА УКРАИНА„.

Многумина кои веќе ги погледнале овие фотографии, знаат дека ваков чин кон „гладните крадци„ се на сметка на озлогласените неонацистички групи на Украина пред се на членовите на неофашистичкиот одред Азов.
Ваков вид на казна се применува во држава во која нема демократија туку законот на улицата и самоволието, без разлика дали таа држава е во војна или не. Затоа и ИРУ реагира и вели дека е потребна и  реакција и апел до ЕУ и институциите да превземат соодветни чекори за елиминирање на овие појави, воедно да поведе поголема сметка и за третманот кон Ромите од Украина кои се оставени на милост и немилост. Каде се и што прават сега европските пратеници во ЕУ Парламентот кои се залагаат за правата на Ромите?

Изјава за бегалците Роми од Украина на Зоран Димов - Претседателот на Интернационалната Ромска Унија ИРУ

„Трагичната војна во Украина доведе до голема хуманитарна и бегалска криза во Европа. Интернационалната ромска унија повикува глобални итни напори за помош на погодените, вклучително и 400.000 украински Роми. Повикуваме целосно почитување на хуманитарните коридори во Украина за цивилите во согласност со Женевската конвенција. Ја повикуваме Европа и целиот свет да ги отворат своите граници за бегалците и да им дадат засолниште во нивните земји врз основа на потребите на жртвите од оваа страшна војна. Интернационалната ромска унија ќе ја игра својата улога во оваа криза како партнер на жртвите од војната и бегалците. Ајде да се обединиме во овој час на потреба да ја покажеме нашата хуманост. Повикуваме на итен прекин на оваа војна“.

Зоран Димов, претседател на Интернационалната Ромска Унија.

Членовите на ИРУ од Словачка и Романија велат: „Ромите кои бегаат од војната во Украина се соочуваат со дискриминација и расизам„

На неодамнешната видео конференција на ИРУ делегатите и членовите, дел од нив презентираа и искази каде украинските Роми кои бегаат од војната се соочуваат со проблеми со граничниот премин. Со други зборови тие се соочуваат со дискриминација, а некои дури и се мета на расизам.

„Украинските Роми се дискриминирани на границата“, напоменаа делгатите на ИРУ Марек Пишта од Словачка и Каталин Станеску од Романија.

На дел од нив дури им се бараат и пари доколку сакаат да ја преминат границата.

Инаку и Марек и Каталин се многу активни на терен. Тие досега успееа над 100 ромски семејства од Украина да ги пренесат во Словачка и Романија. Каталин Станески со својата партија Романи патрида и нејзините активсти од Молдавија им организираа бесплатен транспорт и сместување.

Тие и понатаму работат на терен во помагање на Украинските Роми.

И двајцата ИРУ делегати велат дека еден дел од нив остануваат додека деѕг дел го продолжуваат патот кон земјите од Запада Европа пред се во Германија,  Франција,  Холандија,Белгија или Велика Британија.

Инаку досега милион и 500 илјади луѓе ја напуштија Украина во текот на една недела од почетокот на руската инвазија. Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) соопшти дека тоа е егзодус без преседан овој век.

ИРУ ги продолжува своите координации и заложби за да може да им излезе во пресрет на Украинските Роми и наскоро подготвува свој акциски план со конкретни мерки.

Членот на ИРУ од Романија, Каталин Станеску со својата „Романи Патрида„ започнаа активности за евакуација на Ромите од Украина кои се на граничните премини

Во консултации со претседателот на ИРУ Зоран Димов од Романија информираше делегатот и членот на ИРУ Каталин Станеску со неговите активисти од „Романи патрида„ споделија информација дека се подготвени да соберат 100 ромски семејства од Украина за да ги сместат на сигурно во Романија.

Каталин вели дека преку информации со останатото членство се во координација и на тие 100 семејства им е обезбеден и транспорт и храна од граничните премини од Полска, Молдавија, Унгарија до нивно сместување и понатамошна помош во Романија.

Тие се на терен и очекуваат секој повик и информација за да можат да дејствуваат.

Наскоро очекуваме и контакт информации и од Каталин Станески за да се споделат јавно.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 338 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот