ИРУ

ИРУ ја одржа својата редовна Парламентарна сесија

На 12 декември преку ZOOM видео конференција ја одржа својата редовна есенска ИРУ Парламентарна сесија на која земаа учество над 50 делегати од 35 држави.

На Парламентарната сесија покрај интонирање на ромската химна и одавање почит со едноминутно молчење за починатите ИРУ делегати и членови покрај говорот на Претседателот на ИРУ Зоран Димов. Свои извештаи имаа и сите останати ИРУ функционери како и делегати и членови.

Парламентарната сесија беше поделена во неколку  делови и се разговараше и дискутираше на повеќе теми.

Освен ѕтоа беа донесени и  неколку одлуки за кадровски престројувања каде ќе се водат неколку важни сектори во периодот кои доаѓа како и презентација на План и  програма за работа на ИРУ во 2022 година.

За одбележување е и доделување на плакетата за Почесен претседател на ИРУ на г-дин Верандра Риши од Индија за своето повреќедецениско улество и активности во структурите на ИРУ

 

Истовремено беа назначени и неколку нови делегати во ИРУ како и назначување на стручни консултанти и советници во работата на ИРУ кои ќе придонесат за уште подобра и поквалитетна работа на ИРУ на повеќе полиња.

ИРУ со Реакција до европските институции и Украинската амбасада во РС Македонија поповод физичкиот и вербален напад врз четири Ромски жени во Киев

Поповод една објава на социјалните мрежи каде на видеото се гледа како млад

неименуван украинец вербално и физички ги напад и ги удира со пластичен фалус

четри ромски жени, за наводна кражба, Интернационалана ромка Унија ИРУ испрати

писмена реакција до ЕУ, ЕК и други релевантни авропски институции како и до  Амбасадата на Украина во РС Македонија од страна на нејзиниот претседател Зоран Димов, за како што се вели во реакцијата за превземање на украинските власти за решавање на овој инцидент и искоренување на насилството и дискриминацијата врз Ромската заедница. Во него меѓудругото се вели:

„Интернационална Ромска Унија – ИРУ во име на Ромската нација од целиот свет ја повикува украинската влада и властите итно да ги преземат неопходните мерки за искоренување на насилството и дискриминацијата врз Ромите како и последниот инцидент насилство врз жените Ромки.

ИРУ предлага Република Украина да се приклучи - како членка на ОН - на 5-годишната кампања на ОН за еднаквост на генерации, која ги промовира правата на жените и девојките на глобално ниво. Сметаме дека е важно да се развие акциона програма против родово базирано насилство во Украина.

Ниаку реакцијата конкретно се однесува на објавено видео на социјалните мрежи на ФБ објавено на Денот на ОН на 24.10.2021 година во 15:05 часот, каде маж напаѓа четири Ромки во центарот на Киев. Мажот ги тепа жените по глава, ги клоца брутално и ги навредува. За да ги оцрни Ромките, мажот брутално користи дилдо како оружје. Во видеото Ромките се згрозени и не се бранат.„ се вели во реакцијата на ИРУ

 

Link: https://www.facebook.com/100006567722968/videos/310194693885246/

ИРУ со писмо и барање до ОН, САД, ЕУ и други релевантни меѓународни институции: Итна хуманитарна помош за Ромскиот народ во Авганистан

Во своето писмо и барање од страна на Интернационаланата Ромска Унија преку своите делегати и доле потпишана пд Претседателот на ИРУ Зоран Димов меѓу другото во текстот стои:

„Интернационалната ромска унија - ИРУ е загрижена за Ромите во Авганистан, кои живеат во овие тешки времиња без заштита и во голем страв. Ромите не треба да станат жртви на новата влада во Авганистан. ИРУ ги повикува ОН, американската влада и ЕУ да обезбедат итна хуманитарна заштита на ромското население во Авганистан.

Сега сите земји се грижат за своите граѓани и итно ги евакуираат од Авганистан во август. ИРУ бара луѓето да бидат ослободени од Авганистан дури и по август. Ромите немаат држава ниту потребни ресурси за евакуација на Ромите кои живеат во Авганистан.

Ромите во Авганистан страдаат и се плашат од последици за нив. Тие честопати се без државјанство и не се признати со авганистанскиот устав. Меѓународната ромска унија - ИРУ ги повикува ОН, САД и ЕУ да го прегледаат статусот на Ромите во Авганистан, кои се предмет на последните политички случувања, да ги заштитат и да помогнат во нивната евакуација доколку е потребно.

ОН треба да ги заштитат Ромите без своја држава. Во воени ситуации, многу Роми се убиени - околу 1,5 милиони во Холокаустот за време на Втората светска војна - и тие често го губат целиот свој имот без воени репарации и други надоместоци и остануваат без заштита. Според меѓународните проценки, долината Паншир северно од Кабул може да стане кризно жариште што може да доведе дури и до граѓанска војна во Авганистан.

УНИЦЕФ ја координира дистрибуцијата на вакцини против Корона во програмата за вакцини на СЗО Ковакс, а УНИЦЕФ за Ројтерс изјави дека бројот на вакцинации против Корона е намален за 80% во Авганистан по освојувањето на Кабул. Половина од дозите на вакцина доставени до Авганистан сега се во опасност да доспеат. Авганистан исто така е во опасност да стане кризно жариште на Корона и Ромите без државјанство ќе останат без вакцини. Ромите исто така имаат потреба од здравствена заштита во Авганистан.„  се вели во писмото изпратено од ИРУ и во името на претседателот на ИРУ Зоран Димов

ИРУ со протестна нота до Чешката амбасада во Скопје, Р.С.Македонија

Интернационалната Ромска Унија - ИРУ  поповод смртта на младиот Ром Станислав Тома од Теплице - Република Чешка кој се случи на 19 јуни годинава реагираше со протесно писмо до Амбасадорот на Република Чешка во РС Македонија- НЕ Мирослав Томан, од страна на Претседателот на ИРУ Зоран Димов. ИРУ реагира дека целиот овој случај сака да се минимизира, и да му се даде поинаков правец.  ИРУ реагира на пасивниот однос на полицијата кон овој случај, и затоа ИРУ го повикува чешкото МВР, чешките државни институции, и воедно европските институции овој случај да биде приоритет во негово расветлување и темелна истрага која ќе биде јавна и транспарентна се вели во реакцијата на ИРУ испратена до Амбасадата на Чешка во Р.С Македонија

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 108 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот