ИРУ

Претседателот на ИРУ Зоран Димов прашува: „ Колку меѓународните институции веруваат во капацитетите на ромските организации?

Во еден од своите ставови и мислења во врска на соработката со институциите од меѓународен карактер , претседателот на ИРУ г-дин Зоран Димов ја искажува својата разочараност кон овие институции а воедно и кон одредени организации кои се занимаваат со решавање на ромската проблематика и креирање на политиките поврзана со Ромската заедница.

Тој вели: „Сакам да искажам свои мислења и ставови најнапред лично како човек, а потоа и како Претседател на Интернационалната Ромска Унија =ИРУ.

Многу пати досега ИРУ ја покажа својата заинтересираност да соработува со сите интернационални институции и организации кога е вопрашањестатусот на Ромската заедница на сите полиња. Многу пати ИРУ преку своето членство ја подаваше раката за соработка.

Ставовите на ИРУ отсекогаш биле со отворен дијалог и конструктивна дебата да се изнајдат најповолни решенија за сите евентуални проблеми и недоследности. Морам да ја истакнам и благодарноста до повеќето меѓународни фактори кој несебично ни ја дадоа својата подршка и соработка на највисоко ниво

Но за жал, многупати досега сме наидувале и на недоразбирање, со доза на недоверба кон нашата организација од помал број на меѓународни институции, а истовремено и до страна на некои „загрижени за состојабата на Ромите„ организации кој и понатаму сакаат да работат на своја рака, без да ја погледнат реалноста.

Многу е симптоматично тоа што некои од нив се гледаат како „организација над сите организации„ и нетранспарентно ја играат улогата „Лидери на Ромите„.

Тоа донесува само уназадување,а наместо прогрес во процесот за подобро утре за сите нас!

За жал такви личности има и во највисоките институции на Европската Унија како што се Европскиот Парламент, ЕК, Советот на Европа и слично.

Злоупотребувајќи ја довербета од народот тие се трудат да направат некои „индивидуален исчекор„ наместо заеднички интерес, и на тој начин играат на „самопромоција„. Мораме да заклучиме дека таквиот активизам никогаш нема да вроди со плод и да биде продуктивен.

Класичен пример е актуелната состојба со пандемијата на КОВИД 19 и предложениот Стетмент од страна на ИРУ до Европскиот Парламент за Минимум влог во местата каде што живеат Ромите. Познавајќи ја општата сосотојба на таа заедница (инфраструктурна, економска, социјална..), прашањето е: ДО КАДЕ Е НЕГОВАТА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА И НА КОЈ НАЧИН ЌЕ СЕ ИЗРЕАЛИЗИРА?

Пред се мојата интенција е да се потрудиме да бидеме сите еднакви, да се развие плурализмот, довербата и почит кон другите мислења и ставови.

Всушност со лицемерни и валкани игри позадигрб само ќе са уназади нашата позиција и нема да донесе ништо добро за сите нас. Тоа е суровата реалност пред се затоа што ИРУ , а исто и јас како нејзин претседател сме искрено, отворени, самокритични и пред се транспарентни кон сите оние кои ќе ни ја дадат раката за соработка.

Само така ќе можеме да ја гледаме „со отворени очи„ реалноста и да ги согледаме нодестатоците и сето она што не кочи во напредокот, - се вели во заклучокот од страна на претседателот на ИРУ Зоран Димов

На 31 август , во Кинотека на Македонија - премиера на Документарниот филм „Небо –Точак –Земја

Едно битно прашање?

Тие се покрај Вас и вашето опкружување, но колку навистина ги познавате Ромите?

Колку знаете за нивната богата и долга историја, традиција, култура, јазик?

Дали нивниот живот бил весел како и нивната музика, или пак е тежок, тажен и темен како нивниот тен?

Зошто е навредлив зборот „Циган„? Зошто се борат да бидат наименувани со терминологијата – РОМ?

Дали знаете дека на своето четврто патување на Кристофер Колумбо во откривањето на американското тло, во посадата беа и четворица шпански Роми, кој еден од нив бил првиот кој го здогледал американското тло.

Запознајте се со најпознатите Роми Научници - Нобеловци, претседатели на држави, актери – оскаровци, спортисти... (Данскиот нобеловец за медицина Аугуст Крог, сликарот Пабло Пикасо, Композиторот и виртуоз на виолина Николо Паганини, актерите Чарли Чаплин. Рита Хејворт. Сер Мајкл Кејн, Јул Бринер, Ава Гарднер, Натали Вуд, Елвис Присли, гитаристот на Роулинг Стоунси – Рони Вуд, фудбалерите, Неста, Пирло, покојниот Хосе Антонио Рејес и многу други)

 

Ве информираме дека на 31 август 2020 година – Понеделник со почеток од 20 часот во Кинотека на Македонија  ќе се одржи Премиерата на новиот Документарен филм „Небо –Точак - Земја„ во Продукција на СП БТР и копродукција на Студио 7.

Претседателот на ИРУ Зоран Димов ќе земе учество на Видео конференцијата во организација на Центарот за студии на Ромите и културните односи (CRSCR) од Индија.

Во Среда на 5 август 2020 со почеток од 11 часот по средноевропско време Центарот за студии на Ромите и културните односи (CRSCR) од Индија ќе одржи Видео конференција .

Темата ќе биде размена и презентација на вредни размислувања и студии на тема, која опфаќа предизвици, како и напори во последните векови за интеграција на ромската заедница со главните општества и нивните социјално-економски состојби.

Меѓубројните учесници од целиот свет свое излагање ќе има и Претседателот на ИРУ Зоран Димов, кој ќе ги презентира своите видувања. Инаку (CRSCR) е основан од Антар Рашрија Сахиго Паришад (АРСП) со поддршка на индискиот совет за културни односи (МЦЦР) , Таа спроведува истражувачки студии за различни аспекти на ромската заедница, како и да го  прошири ангажманот со нив. Придржувајќи се на својата заложба, (CRSCR) редовно ги огласува активностите / конференциите со учество на меѓународни и индиски стипендисти.  На оваа конференција меѓудругото ќе земат и други 8 меѓународни ромски научници, лидери, претставници на заедницата и активисти, како и индиски научници за ромски студии за академска сесија на конференцијата.

ИРУ концетриран на планови и стратегии во наредните четри години

По зваршетокот на 11-от ИРУ Конгрес кој се одржа на крајот од јуни и по изборот на новото раковдство на ИРУ на чело со старо – новиот претседател на ИРУ Зорам Димов, формираното претседателство како и Комесарите на ИРУ сега се фокусираат на подготовки за плани и програма за идните четри години, Предизвик е да се подготвата квалитетни програми во секоја од 13-те ИРУ Комераијати кој ги опфаќа сите полиња со кој е засегната ромската нација.

Воедно за прв пат во своето раководство ИРУ за прв пат е направен баланс помеѓу жените и мажите со 50 – 50 партиципација во власта,

Новопримени се 60 нови ИРУ делегати и заедно со реформираните и стари кадри сега ИРУ брои 100 делегати од 55 држави во светот. За секоја држава има поставенбо и координатор за таа држава. Истовремено продолжуваат активностите ио тесната соработка со сите релевантни интернњционални институции како што се ОН, ЕУ, ЕП, ЕК,СЕ,ЕВЗ,ИОМ,како и останатите релевантни светски институции, фондации и канеларии.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 52 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот