ИРУ

Рамуш Муарем-Цирко: Сите треба да го следиме патот што води кон обединување

Новинарот Рамуш Муарем-Цирко во видео порака за Иницијативата „Обединети во различноста“ повикува да се обединиме во различностите како единствен лек од опасната болест национализам.
 Национализмот е една колективна или индивидуална параноја. Всушност ако сакаме да ја дефинираме или да го илустрираме тој национализам, всушност јас ја гледам како една дива река, буквално баш како дива река која неконтролирано се движи по нејзиниот тек, и ако ги споредиме со временските услови кога на пример има врнежи од дожд, тогаш тие притоки или случувања во општеството придонесуваат тој национализам да порасне како нивото на таа дива река, и да почне да се излева на сите страни и едноставно веќе кога доаѓа до тој момент, се губи секоја контрола и тука нема враќање. Според мене национализмот е една опасна болест на денешницата насекаде во општеството.
Јас сум припадник на една националност на една заедница која е малцинство во ова општество, ромската. Конкретно, на мене ми се случило да речеме, многу пати врз база токму на основа на тој национализам да ме ословуваат со придавки од примерот ,, цигани’’ или ,, ѓупци’’ , затоа што едноставно, тоа им е нив најблиску како едноставно девалвирање на таа заедница или девалвирање на таа личност од таа заедница.
Има еден момент кои ние треба да се потрудиме да го направиме, а тоа е да се направи една брана, да се изрегулира тој тек за да се смират тие текови. Е, таа брана можам јас да ја наречам обединети во различноста, токму таа брана може да придонесе и да и дадеме име обединети во различноста.
Мораме ние да го трасираме патот токму на тој начин што мора да најдеме некој лек, а лекот е едноставно насловен како обединети во различноста. Тој лек е против една болест која се вика тропофобија, а тропофобија во превод значи страв од промени, ние се уште не сме подготвени, но за да се подготвиме за таа и да се излечиме од таа тропофобија, токму така, тој лек или таа терапија е обединети во различноста.
На крај сакам да го истакнам уште ова: Сите треба да го следиме патот што води кон соединување, односно да бидеме „обединети во различноста“

Video:

Link: https://civilmedia.mk/video-ramush-muarem-tsirko-site-treba-da-go-sledime-patot-shto-vodi-kon-obedinuvane/

ИРУ се подготвува за прослава на Јубилејот 50 години од ИРУ (1971 -2021), целосна поддршка и од евроинституциите и европретениците

ИРУ во своите активности во периодот кој следува високо на агендата е и Одбележување на 50 години од постоењето на ИРУ во месец Април 2021. Затоа Претседателот Зоран Димов и неговот членство ги интензивираат контактите и координацијата со истакнати личности од меѓународните институции како што се ОН, ЕУ. ЕП, ЕК, СЕ и други. Меѓудругото што во директни видео состаноци, а исто и преку е маил контакти, полека се дефинираат конструкциите за што позначајно и подостоинствено одбележување на овој важен датум. Во сите тие комуникации и е маил преписки од страна на преставниците во сите тие комуникации беше дадена целосна поддршка и воедно и дел од нив веднаш дадоа зелено светло за директно учество и обраќање за време на одбележувањето на настанот Јубилеј 50 години од ИРУ. И во престојниот период активностите од страна на Претседателот на ИРУ Зоран Димов, и неговот членство ќе ги интензивираат контактите и комуникациите, како и проширување на Иницијативата на ИРУ "ROMA FRIENDSHIP GROUP", која патем преставува еден вид првична форма на соработка помеѓу ИРУ и другите национални и интернационални институции, организациии и сл.

Активностите на Ашмет Елезовски и Зоран Димов во рамките на Национален акциски план за Отворено владино партнерство 2021-2023 година се за пофалба

Веќе подолго време НРЦ од Куманово и РДИЦМ се дел од Невладините организации од државата и учествуваат во подготовка на петтиот Национален акциски план за Отворено владино партнерство 2021-2023 година. Тие како дел од работните групи и нејзини членови веќе работат во повеќе приоритетни области кој потоа ги праќаат до Владата како предлози и идеи за Национален акциски план за Отворено владино партнерство. Пред се тие работат во активности како што се Транспарентност, отчетност, проактивност и инклузивност  Ашмет Елезовски како директор на НРЦ од Куманово, истовремено и Зоран Димов како Претседател на РДИЦМ заедно со уште над 30 други претставници на институции, граѓански организации и др. се мошне активни во своите предлози и идеи за подобра и поактивна комуникација со Владата и нејзините институции. Пред се ангажирани се во полето на Воспоставување на култура на отворена влада, транспарентност, отчетност и инклузивност - активностите би опфатиле дефинирање на правила на сите учесници во процесот, активности за промоција за поттикнување на учество на засегнати страни. Областите во кој учествуваат овие две ромски организации се мошне опсежни и широки. Активни се на работилниците и многу од предложени заложби се прифатени и земени во предвид. Меѓудругото како нивни напори се и недостаток на јасни критериуми и транспарентност и при вработување и при поставување лица на функции како и проблемот со постоење на невоедначени практики на вклучување на граѓанските организации во процесите на одлучување помеѓу институциите и помеѓу централно и локално ниво. Нормално нивното учество во работата на Национален акциски план за Отворено владино партнерство 2021-2023 година продолжува и понатаму.

Зоран Димов: „Сега кога Самка си фати фотелја, редно е да го врати долгот кон БТР, и да си ја одблокира сметката на ПЦЕР„

По назначување од страна на Владата , на некогашниот пратеник, министер и заменик министер Самка Ибраимовски за в.д. Заменик директор на „Македонија Пат„, се огласи и Зоран Димов, сопственик и основател на ТВ БТР Национал напоменувајќи дека веке подолго време партијата ПЦЕР е со блокирана сметка поради долг на партијата кон БТР Национал, за неплатена а спроведена платена политичка програма - Кампања.
Долгот датира повеќе од 5 година, поради кој побарувањата се дадени и преку судски пат за извршување. Ниту до ден денешен тој долг не е вратен, кој изнесува околу 1 милион денари.
Инаку Димов повеќе пати досега дозволил писмено да се одблокира сметката на ПЦЕР со молба поради прилив на средства и функционирање на партијата, а со ветување од страна на Самка дека ќе започне со исплата на долгот. По легнување на парите, Самка не се држеше до даденото ветувањем и сметката беше повторно блокирана. Сепак Ибраимовски повеќе пати поради прилив на средства за партијата отварал посебни потсметки за леганување на тие средства и според Димов со тоа без знаење на партијата каде самиот е потписник на тие сметки ги подигал средствата и со тоа направил незаконски дела. Спо овој факт е запознат и поранешниот министер без ресор Аксел Ахмедовски , кој ги знае сите овие моменти.
Димов во повеќе наврати ги предупредил и од СДСМ дека сметката на ПЦЕР е блокирана и дека Ибраимовски незаконски ги прибира средствата на посебна потсметка на паријата чиј е он единствен потписник.
Димов вели: „Ибраимовски ја упропасти и ја уназади првата ромска политичка партија во Македонија. Наместо прогрес, тој партијата ја врати години наназад. Тој како ја превзеде претседателската функција, само ја деградираше и ја искористуваше за лични интереси. Таа всушност за него беше како бизнис фирма – за свои лични интереси, а не партија која треба да ги брани интересите на заедницата која треба да ја застапува. Затоа и паријата ПЦЕР финансиски ја колабираше. Сега е време , штом во име на партијата си зема фотелја, да си го врати долгот кон ТВ БТР од платата како в.д заменик директор на „Македонија Пат„ да ја одболкира сметката на ПЦЕР, за да може оваа партија да функционира нормално. И воедно и самиот знае дека веќе е непожелен на ромската политичка сцена, полека нека го отстапи месото на други многу попродуктицни и млади сили во ПЦЕР„ „ПЦЕР е потребно овој „гробар„ на партијата да го отстрани од нејзините редови и да одбере нов свеж и млад кадар„ Инаку идниот лидер на ПЦЕР треба да знае дека ќе наиде на блокирана сметка на ПЦЕР, но ветувам дека ќе направам напор од моја страна сесрдно да и помогнам на оваа партија и да изнајдеме некое оптимално решение само за добробит на ПЦЕР и за Ромскиот народ„ заклучи Димов во своето размислување.

FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 380 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот